„Туполев“ го најавува идниот патнички суперсоничен авион

Марина Лисцева/TASS
Познатиот руски суперсоничен бомбардер добива „цивилен брат“?

Аеронаутичкото јавно акционерско друштво „Туполев“ ги завршува претпроектните работи на развојот на суперсоничен патнички авион кој, судејќи по процените, ќе биде во состојба да лета со брзина од 1900 км/ч и да достигне висина од 11 км. Ова го најави заменик-генералниот директор на претпријатието Валериј Солозобов.

„Конструкторското биро „Туполев“ веќе ги завршува претпроектните работи за суперсоничен патнички авион. Тие се извршени во соработка со водечките научни организации во земјата, како што се ВИАМ, ЦИАМ, ЦАГИ, КБ „Авиомотори“ и други“, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на претставникот на компанијата.

Солозобов истакна дека сѐ уште мораат да поработат на намалување на звучниот удар на авионот, како и на изградба на експериментално-показен авион за прелиминарните тестирања.

Според претставникот на „Туполев“, во авионот ќе има 30 патнички седишта. Масата на леталото при полетувањето ќе изнесува 70 тони, а ќе биде во состојба да развие брзини во распон од 1,4 до 1,8 маха (1500-1900 км/ч) на висини до 11 км. Конструкторите разгледуваат две основни верзии на леталото – со фиксирано крило и со варијабилна геометрија. Првичните процени наведуваат дека цената на авионот во првата година од производството нема да биде многу поголема од онаа за субсоничниот Ту-214 со долг домет кој во моментов се произведува во Казањ.

Во јануари оваа година рускиот претседател Владимир Путин предложи да се направи цивилна верзија на суперсоничниот стратешки бомбардер Ту-160 откако присуствуваше на демонстрацијата на летање на ракетоносецот „Петар Дејнекин“.

Погледнете го видеото: Путин воодушевен од првиот лет на бомбардерот Ту-160М „Петар Дејнекин”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња