Министерството за одбрана во програмата за борбена обука на мали ракетни бродови уфрли нова тематска целина. Таа е развиена брз база на борбените искуства од Сирија. Станува збор за усовршување на способноста на борбените посади на овие бродови со оган од артилериско оружје ефикасно да ги елиминираат копнените цели на непријателот, односно сложени цели на тркала како што се на пример теренски автомобили со митралези. Во таа пригода, бродот кој дејствува мора да се движи со брзина од 15 до 18 јазли, со цел избегнување евентуално непријателско возвраќање.
Според мислењето на воените експерти развојот на новите способности кај артилериските екипажи ќе овозможи зголемување на тактичките можности на малите ракетни бродови за време на огнената поддршка на десантот на морнаричката пешадија или на ударните групи на спецназ.
Како што изјавуваат за порталот „Известија“ од Главната команда на воено-поморските сили на Русија врз основа на искуствата од сириската кампања во рамките на програмата за борбена обука на мали ракетни бродови (корвети според класификацијата на НАТО) внесени се извесни промени. Така, отсега нивните екипажи ќе вежбаат тактика на дејствувањето од универзално артилериско оружје АК-176 по објекти на копно. Основните барања ќе бидат артилериските екипажи да остварат прецизни удари од брод во движење каде метите ќе бидат реални цели кои ќе имитираат леснооклопна борбена техника.
Во составот на вооружувањето на ракетниот брод од класата 12341 се наоѓа артилерискиот модул од една цевка АК-176 со калибар од 76.2 милиметри кој е наменет за борба против поморски и воздушни цели. Тој се наоѓа на предниот дел од бродот. Неговото темпо на гаѓање варира од околностите и изнесува од 30 до 120 гранати во минута. Максималното темпо на испукување кое изнесува 120 гранати се презема само во случаи на крајна нужда. Обично се дејствува во кратки серии од по неколку гранати. Секоја шрапнелно-разорна граната испукана од овој топ содржи околу 400 грама експлозивно полнење што гарантира онеспособување на леснооклопена борбена цел како што е оклопен транспортер, таканаречен „шеихд-мобил“ или пренаменет џип кој е зајакнат со тежок митралез. Овие артилериски модули АК-176 се наоѓаат и на фрегатите од класата 22800 „Каракурт“, а исто така и на новите патролни бродови од класите 22160 и 23550.
„По искуството од сириската воена кампања копнената војска на своите вежби започна активно да применува тактички модели за борба против ситни „цели на тркала“ и „шеихд-мобили“ (колоквијален назив за возила со кои управуваат самоубијци), а од овие активности не се поштедени ниту морнарите“, изјави рускиот воен експерт специјализиран за морнарица Дмитриј Болтенков.
„Граната со калибар од 76.2 милиметри може мошне лесно да уништи градежен објект кој е наменет за одбрана, или автомобил, но тука се јавува друг проблем. Имено, директен погодок во мета на тркала воопшто не е наивна задача особено кога за време на гаѓањето бродот се движи. За ваквите задачи морнарите мораат да се оспособат низ развивање навики и подигање на својата борбена подготвеност“, додава експертот. Традиционално, основна задача на малите ракетни чамци е борба со непријателски површински бродови зашто реалните можности на нивната артилерија се ограничени на огнена поддршка со помали десантни операции. Израелците, на пример, активно ги применуваат своите ракетни фрегати како средство за огнена поддршка на различни родови од своите специјални сили.
Според Дмитриј Болотенков, во перспектива пред корветите можат да се постават задачи за огнено покривање на непријателските точки распоредени на брегот, како и уништување на борбената техника. Во таа пригода бродот треба постојано да маневрира за да избегне повратен оган од копно.
Wikipedia
„Современите бродови не поседуваат оклопна заштита и мошне се ранливи на евентуално противдејство на непријателот од брегот. Така, на пример, за време на Фокландската војна припадниците на британската морнаричка пешадија тешко ја оштетија аргентинската корвета со оган од обичен противтенковски ракетен фрлач, која се обиде да го поддржи поморскиот десант на еден од островските архипелази“, потсетува експертот.
Во последниве неколку години, огненото покривање на копнените цели на непријателот распореден на брегот од страна на бродската артилерија сè повеќе се користи на воените вежби на руската воена морнарица. Најдобри резултати постигнуваат артилериските средства со калибар од 100 и повеќе милиметри кои се наоѓаат на мали ракетни бродови од класата 21631 „Бујан-М“ и на фрегатите од класата 11356. На пример, различни класи од 956 „Сарич“ имаат по четири артилериски оружја со калибар од 130 милиметри распоредени во дворедни куполи кои можат врз непријателот на насочат сила од 180 гранати во минута, каде секоја од овие гранати има по 3 килограми експлозивно полнење.