„Лудата машина“ на руските АБХО единици го привлече вниманието на странските медиуми (ВИДЕО)

CC BY 4.0 / Виталиј В. Кузмин / ТМС-65У

Новинарот на американскиот весник „Драјв“ (The Drive) е воодушевен од снимката на руското Министерство за одбрана објавена по повод стогодишнината на единиците за АБХО.

На снимката се прикажани активностите на различни единици за АБХО.

„Воените хемичари се опремени со модерните хемиско-извидувачки оклопни возила РХМ-6, разновидни уреди за прибирање податоци, нивна обработка и анализа, мобилни лаборатории, роботи за радијациско и хемиско извидување, како и со пламенофрлачи – од рачни РПО до тешки самоодни повеќецевни системи како ТОС-1А „Сонцепјок“, се наведува во описот на снимката што ја објави Министерството за одбрана на РФ.

Особено внимание на авторот Џозеф Тревитик му привлече „лудата“ специјална машина за топлотен третман и дезинфекција на вооружувањето и воената техника ТМС-65У.

„Најнеобичното парче техника на снимката е камионот ТМС-65У со монтиран млазен мотор на задниот дел на возилото. Војската го користи ТМС-65У за чистење на возилата од хемикалии или за создавање силни чадни завеси со кои се крие движењето на трупите на боиштето“, стои во статијата на „Драјв“.

Тревитик забележува дека турбомлазниот мотор ВК-1, кој инаку се монтираше на авионите-ловци МиГ-15 и МиГ-17, како и на бомбардерите Ил-28, овде нашол „неконвенционална улога“.

Според мислењето на овој стручњак, ТМС-65У има една од клучните улоги во арсеналот на руската воена опрема.

Погледнете ја целата моќ на руските сили за РХБО прикажана во една снимка

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња