„Пешадија, тенкови, ракетари и артилерци, единици за АБХО, инженерци и... борбени роботи. Вчера беше 1 октомври. Време кога се одржува Денот на Копнената војска на Русија. Традиционално Министерството за одбрана на сите припадници на овој вид руска војска им честита преку поздравно видео“, се вели во описот на споменатиот материјал.
Борбениот робот „Нерехта“ е развиен во ОАО „Завод „В. А. Дегтјарев“ во соработка со Фондот за перспективни проекти. Како што за рускиот интернет медиум изјавија од фабриката која ги произведува овие роботи, за основната платформа „Нерехта“ се развиени три концепти: борбен, за артилериско извидување и транспортен.
На борбената варијанта на роботот може да се додаде модул опремен со тежот митралез „Корд“ кој практично претставува автоматски снајпер со калибар 12,7 мм. Покрај него може да се постави и ПКТ со кал. 7,62 мм. Оптоелектронскиот систем, кој се наоѓа во склоп на модулот, открива цели на далечини и до 3 км и го наведува врз нив митралескиот оган. Модулот може дополнително да се засили со интеграција на автоматски лансер на гранати АГ-30М. Во тек е разработка на проект за потешка борбена верзија која покрај сето горе наведено во своето вооружување би имала и наведувани противтенковски ракети.
Треба да се спомене дека е многу е важна и транспортната верзија на овој робот. Таа ќе има своја функција на високоризичните делови на фронтот каде физичко изложување е речиси невозможно. Ова е особено важно кога на истурените одделенија треба да им се достави потребна муниција, вода, храна, но и кога треба брзо да се евакуира ранет војник.
Неодамна беа разгледани и некои интересни решенија кои севкупната функција на овој робот би ја направиле уште поефикасна и поразорна за непријателот. Имено, руските конструктори работат и на верзија на роботот која би можела да се употреби како наведувана „мина-самоубиец“. Благодарение на својата ниска силуета, големата подвижност, но и респектабилната носивост (околу 500 кг), овој робот може да биде исклучително опасно борбено средство на фронтот кое носи разорен потенцијал еквивалентен на боевата глава што ја носи ракетата „земја-земја“ лансирана од оперативно-тактичкиот ракетен комплекс „Искандер“:
Роботот се наоѓа во завршна фаза на испитувањето и може да се каже дека во многу брз временски рок се планира негово сериско производство и воведување во вооружувањето. Неговите тестови беа многу ригорозни, а се претпоставува дека дел од овие роботи веќе се наоѓа во експерименталните единици во рамките на оперативните борбени состави на руската армија.
Должина: 2600 мм
Ширина: 1500 мм
Висина: 900 мм
Носивост: 500 кг
Максимална брзина: 32 км/ч
Радио-управување: далечина до 3 км (управувачки пункт „Шкорпион“)
Погонски агрегат: хибриден мотор. Роботот се движи како тенк, со помош на гасеници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче