Сите тајни на легендарната ракета „Воевода” во една снимка

Во најскоро време од употреба излегуваат интерконтиненталните балистички ракети Р-36М „Воевода”, соопшти вчера руското Министерство за одбрана. Надвор од Русија овие ракети се познати под називот „Сатана”. Тие ќе бидат заменети со најновите интерконтинентални ракети „Сармат”.

Ракетата „Сатана” првпат е лансирана на 21 март 1986 година. Тоа беше неуспешно лансирање. Поради грешка во системот за управување со моторот ракетата падна и го уништи ракетниот силос. Овој неуспех сепак не ја спречи „Воевода” да стане не само најмоќната и најтешката, туку и најсигурната ракета на светот.

Должината на легендарната ракета е 34,3 метри, со пречник од 3 метри. Дострелот на „Сатана” е 11-16 илјади километри, а целта ја погодува со прецизност од плус-минус 500 метри.

Имајќи го предвид дострелот, за оваа ракета не постојат недостижни цели на Земјата. Стручњаците тврдат дека, со оглед на моќните лажни цели што ги носи со себе, „Сатана” не мора да стравува од ниту една противракетна одбрана. Освен тоа, Р-36М може да стартува дури и во услови кои настануваат по нуклеарна експлозија. „Сатаната“ може да ја запре само директен погодок на нуклеарен проектил во ракетниот силос, но веројатноста да се случи тоа е безначајна.

Многу од претходните модификации на оваа интерконтинентална ракета се преработени во ракети-носачи од типот на „Дњепар” со помош на кои во орбитата се испратени сателити за различна намена.

Прочитајте повеќе: Руските стратешки ракети „Воевода“ наскоро „заминуваат во пензија“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња