Хабаровски крај: Пилоти на нови Су-34 изведоа симулација на воздушен бој во стратосферски услови

Вадим Савицки/Global Look Press
На висина над 11 илјади метри пилотите на Источниот воен округ ги демонстрираа своите способности, како и способностите на авионот, за изведување на сложени задачи за борбено патролирање и водење воздушна борба при големи брзини.

Екипажите на новите ловци-бомбардери Су-34 кои од неодамна се наоѓаат во ескадрилите на Источниот воен округ изведоа лет во стратосферата во суперсоничен режим на летање, соопшти во петокот информативната служба на Источниот воен округ, пренесува новинската агенција РИА „Новости“.

Што е стратосфера?

Тоа е слој на Земјината атмосфера чија долна граница се наоѓа на висина од 11000 метри, додека неговата горна точна достигнува висина од 50000 метри. Суперсонична или надзвучна брзина се остварува кога објектот (во овој случај авион) се движи побрзо од звукот – што изнесува околу 1220 км/час. Летечко-техничките карактеристики на ловецот-бомбардер Су-34 се такви што тој може на ниво на Земјата да достигне брзина од 1400 км/час, додека на големи висини може да лета и до 1900 км/час.

„Екипажите на новите ловци-бомбардери Су-34 кои се наоѓаат во состав на летачките ескадрили на Источниот воен округ со база во Хабаровскиот крај изведоа сложена задача која подразбираше лет во стратосферски услови каде што се остварува брзина поголема од брзината на звукот. Покрај тоа, пилотите увежбуваа елементи на борбено патролирање на големи висини, како и тактички елементи на воздушна борба“, се истакнува во соопштението.

При изведувањето на оваа задача пилотите применија напаѓачки и одбранбени маневри при воздушниот судир со условниот непријател, а исто така увежбуваа техники за избегнување на неговите убојни средства како што се ракетите од класата „воздух-воздух“.

Погледнете го видеото: Ескадрили со Су-30 и Су-34 во Црното море бомбардираа непријателски бродови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња