1. Николај Пирогов (1810-1881)
Специјалност: хирургија
Кон средината на 19 век медицината била валкана и крвава работа, особено за време на војните. Хирурзите не знаеле за антисептици и за општа анестезија. Најпопуларниот метод за третирање рани била ампутацијата, и тоа не само во Русија, ами ширум светот. Генерално земено, војниците имале повеќе шанси да умрат од болест, одошто на бојното поле.
За време на Кримската војна од 1853 до 1856 година професорот Николај Пирогов, кој во Санкт Петербургг работел на развој на напредни хируршки методи, ја свртел ситуацијата кон подобро. Тој ја вовел етарската анестезија во услови на бојнот поле, што го намалило страдањето на ранетите војници, организирал ефикасен систем за евакуација и успешно се борел против ширењето инфекции. Русија ја изгубила војната, но медицината добила многу благодарение на Пирогов.
Пирогов исто така бил успешен и во својот цивилен живот. Го вовел користењето на гипсот за фиксирање скршени коски, направил најдетален анатомски атлас во тоа време и дури му ги лекувал раните на италијанскиот револуционер Џузепе Гарибалди. Рускиот хирург број 1 има голем број студенти кои подоцна и смаите станале големи лекари, а дел се и на овој список.
2. Иван Сеченов (1829-1905)
Специјалност: физиологија
„Медицината тешко дека е наука... ние не знаеме ништо за настанокот на болеста, не знаеме зошто всушност некое средство помага или не помага“, запишал младиот и збунет студент по медицина Иван Сеченов во својот дневник во 1950 година. Имал право. Во 19 век лекарите знаеле како да лекуваат болести, но не знаеле што ги предизвикува. КОга станал научник, Сеченов го променил тоа.
Студирал во Германија, изведувал долготрајни експерименти и станал првиот руски стручњак по физиологија, давајќи ѝ на оваа дисциплина сериозна научна база која ѝ недостасувала. Неговото фундаментално дело „Рефлексите на големиот мозок“ и понатаму е основа за неврологијата и за проучувањето на рефлексот. Во своето време конзервативните чиновници го напаѓале Сеченов поради тоа што го потценува концептот на чивековата душа дадена од Бога, но времето покажало дека тој имал право. Денес неговиот авторитет е несомнен.
3. Николај Склифосовски (1836-1904)
Специјалност: хирургија
Студентот на Пирогов Николај Аклифовски учествувал во четири европски војни од 1866 до 1878 година, секогаш како хирург кој спасувал животи. Тој бил вистински хирург во Русија кој во операцијата ги вовел методите на дезинфекција и стерилизација.
На почетокот му се потсмевале. Еден од неговите колеги кој бил скептичен кон студиите за инфекции, се шегувал: „Склифовски е толку голем (бил висок), а се плаши од мали бактерии кои се дури и невидливи со голо око“. Јасно дека овој лекар немал право и Склифовски со текот на времето станал мошне ценет. Денес најголемата болница за итни интервенции во Москва го носи неговото име.
Склифовски исто така им овозможич влез на жените во хирургијата. За време на руско-турската војна од 1877 до 1878 година, тој бил на чело на првиот руски женски хируршки тим, иако многумина негови колеги биле шокирани. „Многу сме благодарни што ни дозволивте да оперираме“; му напишала подоцна една лекарка.
4. Сергеј Боткин (1832-1889)
Специјалност: клиничко лекување
Сергеј Боткин бил своевиден доктор Хаус на 19 век, генијален дијагностичар кој копал подлабоко од останатите за да ја најде причината за аболувањето. „За Боткин не постоеја здрави луѓе и секоја личност го интересираше најмногу и првенствено како пациент... Дијагностиката беше неговата страст“, запишал Сечинов за својот современик.
Боткин вовел напреден метод за собирање медицинска историја на пациентот. Најпрво детално физички ги прегледувал пациентите, а потоа ги прашувал за новните тешкотии. Боткин бил на челото на Медицинско-хируршката академија во Санкт Петербург. Ги лекувал и членовите на царското семејство и обичните граѓани.
Кога станува збор за науката, ја има создадено теоријата за организмот кој функционира како една независна целина со различни органи кои се наоѓаат во телото во интеракција. Претходно лекарите различни болести лекувале одделно и обрнувале малку внимание на функционирањето на организмот како целина. Така Боткин ја воспоставил модерната теорија на клиничкото лекување.