Емисијата „Жешко олово“ (Hot Lead) се занимава со испитување и демонстрација на оружје, а во денешната епизода решија да испитаат колкава заштита пружа челична, т.е. блиндирана врата од муниција истрелана од разновидно руско и НАТО пешадиско вооружување.
Вратата користена во експериментот е дебела 2 см, што одговара на дебелината на вратите на некои банкарски сефови, наведува водителот Ник.
Првиот круг тестирање е извршен со швајцарски пиштол калибар 9х19 мм – најпопуларниот пиштолски калибар на светот. Очекувано, со ова оружје не се постигна пробивање на вратата.
Следното гаѓање е извршено со италијанската сачмарка Fabarm која користи патрони калибар 12/76 Magnum. Иако со оваа муниција е направена мошне голема дупка на дрвената облога на вратата, челичниот слој остана речиси недопрен.
На ред дојдоа и посериозни средства. Ник истрела два куршума од цивилната, полуавтоматска верзија на „Калашников“ со калибар 7,62x39 мм. Влезните дупки делуваа слично како и при дејствувањето со пиштолскиот калибар, но ефектот беше мошне поразорен – куршумите ја пробија врата и ја погодија балистичката кукла од спротивната страна.
Во следниот дел на тестот се испитуваше какво е дејството на руско оружје при употреба на НАТО муниција. Водителот најпрвин зеде снајперска пушка ДВЛ 10М2, но во нејзината рамка стави НАТО муниција .308 „Винчестер“. Истрела два куршума во челичната врата, но до пробивање не дојде. На забавената снимка дури и јасно се гледа како куршумот се одбива од вратата.
На ред дојде и „најсериозната пушка“ што Ник ја имаше во арсеналот тој ден – ТСВЛ 8, позната под прекарот „Сталинград“. Користен беше калибар .338 Lapua-Magnum. При дејство од растојание од 100 метри двата куршума ја пробија вратата и ја погодија балистичката кукла. Згора на тоа, силината на погодокот беше толкава што падна рачката на вратата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче