Руските советници продолжуваат да ја обучуваат сириската војска за користење на ракетниот систем за противвоздушна одбрана С-300, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал Игор Конашенков.
Тој исто така истакна дека заедно со руските системи за ПВО С-300 на Сирија ѝ се предадени и автоматизирани системи за контрола на огнот и средства за ПВО од типот „Полјана Д-4“.
„Во овој момент руските инструктори го подготвуваат сирискиот воен персонал за ракување со овие комплексни системи за противвоздушна одбрана“, додаде портпаролот, пренесува РИА „Новости“.
„Полјана Д-4“ е автоматизиран контролен систем за ракетни бригади кои оперираат со системи С-300 или „Бук“. Во употреба влезе 1986 година. Современата верзија („Полјана-Д4М1“) може да следи дури 500 цели, а до нив наведува до 255 цели.
Весникот „Взгљад“ наведе дека С-300 во Сирија е недопирлив за Израел.
Минатата недела на интернет се појавија сателитски фотографии од зоната на распоредување на руските С-300 во Сирија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче