„Илја Муромец“ – богатирот со крилја

На 12 февруари 1914 година со авионот „Илја Муромец“ полетале 16 лица, а на 17 јуни бил објавен летот на релација Санкт Петербург – Киев. Извор: ИТАР-ТАСС

На 12 февруари 1914 година со авионот „Илја Муромец“ полетале 16 лица, а на 17 јуни бил објавен летот на релација Санкт Петербург – Киев. Извор: ИТАР-ТАСС

Пред еден век својот прв лет во околината на Санкт Петербург го направил рускиот авион „Илја Муромец“ (С-22) – прв сериски четиримоторен авион во светот и прототип за многу четиримоторни линиски авиони во 20 век. Овој авион има поставено многу грандиозни рекорди во историјата на авијацијата. Беше прв удобен патнички авион, но и моќен бомбардер.

За тоа време „Илја Муромец“ бил огромен авион, имал распон на крилата од 31 метар и должина од 19 метри. Сите основни детали на овој авион биле направени од дрво. Бил направен во авијатичкиот оддел на Руско-Балтичката фабрика за вагони („Русо-Балт“) под раководство на колектив на чие чело бил пилотот и конструктор Игор Сикорски.

Први рекорди 

Константин Пахаљук, водечкиот стручњак на научниот сектор на Руското воено-историско друштво (РВИО) вели дека првиот лет на С-22 бил пробен, а два дена потоа, на 12 декември, со овој авион е подигнат товар од 1.1 тон, што за тоа време претставува грандиозен рекорд. По ова следувале други рекорди: на 12 февруари 1814 година со авионот „Илја Муромец“ полетале 16 луѓе и кучето по име Шкалик, а на 17 јуни бил објавен лет на релацијата Санкт Петербург – Киев, што претставувало вистински триумф. Тогаш Игор Сикорски имал само 24 години и тој пилотирал со поголемиот број летови.

„Веќе тогаш неговиот успех бил забележан од страна на Николај Втори“, вели Пахаљук, „а Државната дума на конструкторот му доделила мошне висока сума од 75 илјади царски рубли како награда“. 

Од 1913 до 1918 година во „Русо-Балт“ истовремено се произведувале неколку серии на „Илја Муромец“: авионот е проектиран како бомбардер, а воедно и како патнички авион. Вкупниот број произведени авиони, според пресметките на историчарите, изнесува од 60 до 80 примероци.

Игор Сикорски во 1919 година емигрирал во САД, каде се прославил како конструктор на хеликоптери.

За првпат во историјата на авијацијата авионот имал комфорен салон одвоен од кабината, како и спални соби, греење, електрично осветлување, па дури и тоалет. Доколку историјата се одвивала поинаку „Илја Муромец“ ќе бил родоначалник на редовната патничка авијација во Русија. Но, понатамошната судбина на проектот била определена со почетокот на Првата светска војна.

Борбени „ежови“ 

„Веднаш по летот Петербург-Киев била донесена одлука овие авиони да ѝ бидат испорачани на војската“, вели Пахаљук. „Во прво време дејствуваа поединечно, а потоа одлучија да ги обединат во воздухопловна ескадра под команда на Михаил Шидловски, можен индустријалец, кој веднаш бил прогласен за генерал-мајор“. 

На 12 февруари 1814 година со авионот „Илја Муромец“ полетале 16 луѓе и кучето по име Шкалик, а на 17 јуни бил објавен лет на релацијата Санкт Петербург – Киев, што претставувало вистински триумф. 

„Илја Муромец“ бил користен и како бомбардер и како извидувачки авион, на него била поставена апаратура за аерофотоснимање, како и митралези, за да може да се брани од противникот. „Илја Муромец“ имал силно одбранбено вооружување, практично без „мртви зони“. Поради таквата способност „Илја Муромец“ го добил називот „еж“. 

Во периодот од 30 октомври 1914 до 23 мај 1918 година биле изгубени и отпишани 26 авиони од овој тип, при што само еден од овие апарати бил соборен. Останатите престанале да функционираат поради технички неправилности, грешки во пилотирањето или поради елементарни непогоди. 

Последниот борбен лет „Илја Муромец“ го објавил на 21 ноември 1920 година. По Советско-полската војна 1919-1921 година, неколку авиони „Илја Муромец“ летале на првите транспортни авионски линии, но поради големата амортизација и изработениот ресурс на моторот тие биле тргнати од летовите. Еден од последните авиони од оваа серија во 1922 година бил предаден како школски авион на школата за воздушен напад и бомбардирање, каде за една година со него биле извршени речиси 80 школски летови. Потоа „Илја Муромец“ повеќе никогаш не полетал.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња