На интернет порталите се појавија свежи фотографии од модернизираната верзија на алжирскиот основен борбен тенк Т-90СА која ја произведува Русија, пренесува интернет порталот РГ. Оваа верзија на тенкот од претходните извозни модели се разликува по тоа што на него е монтиран комплекс за оптоелектронско попречување „Штора-1“. Овој комплекс обезбедува ефективна заштита од напади со наведувани противтенковски ракети така што го попречува ласерскиот канал преку кој овие ракети се наведуваат на својата цел.
Високотехнолошкото производство на рускиот воено-индустриски комплекс, кога се во прашање основните борбени тенкови Т-90 и Т-90А, демонстрираше исклучително висок степен на ефикасност во зоните на воен судир каква што е Сирија. Според извештаите од терен, во текот на настапувањето на оклопните единици кои биле опремени со комплексот „Штора“ е прикажано респектабилно ниво на заштита кое овој систем го демонстрирал и тоа не само кога е во прашање борбената техника која непосредно била опремена со „Штора“, туку и во текот на борбеното покривање на останатите оклопни средства кои го немале овој систем.
Конкретно, што се однесува до алжирската армија, првите тенкови опремени со комплекс за оптоелектронска активна заштита се забележани пред две години. Во моментов медиумите не располагаат со проверени информации колку алжирски тенкови поседуваат ваков тип на противракетна заштита. Во состав на оклопно-механизираните единици на алжирската војска во овој момент се наоѓаат над 360 тенкови од овој тип и се очекува сите тие во догледно време да се опремат со адекватните комплекси за оптоелектронска активна заштита „Штора-1“.
Оклопната техника од руско производство ја сочинува окосницата на алжирските оклопно-механизирани единици. Покрај „климатизираните“ основни борбени тенкови Т-90СА тука се и модернизирание тенкови Т-72М1.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче