Русија ја тестира авиобомбата „Дрељ“ која британските медиуми ја нарекоа „агресивен потег на Кремљ“

„Дрељ“ – руска едречка авионска бомба.

TASS
Новата воздухопловна бомба „Дрељ“ (мак. бургија/сврдел) во текот на своето тестирање ги потврди своите карактеристики, напоменува заменик-генералниот директор на концернот „Техмаш“ Александар Кочкин

„Испитувањето се изведува според планот. Сѐ додека таа ги потврдува своите карактеристики, немам никаков страв дека нѐ очекуваат непредвидени околности до крајот на нејзиното тестирање“, истакнува Александар Кочкин, пренесува интернет порталот „Взгљад“.

На почетокот на април британските медиуми ја поврзаа воздухопловната бомба „Дрељ“ со „очигледните агресивни сигнали кои доаѓаат од Кремљ“.

Генералниот директор на концернот „Техмаш“ Владимир Лепин на почетокот на јануари објасни дека во вооружувањето на руската армија ќе влезе воздухопловната бомба „Дрељ“ со тежина од преку 500 килограми. Во септември 2016 година НПО „Базалт“ на својот сајт објави вест дека во Русија е развиена воздухопловната бомба „Дрељ“ која ќе може да ја оствари планираната траекторија на летот во должина од 30 км.

Унифицираната планирачка касетна бомба ПБК-500У СПБЭ-К или едноставно „Дрељ“ е наменета за уништување на непријателска оклопна борбена техника, неговите копнени радарски капацитети и командни пунктови. Главната предност на оваа бомба во однос на постојните се гледа во тоа што авионот кој ја носи оваа бомба може да ја испушти од далечина од неколку десетици километри далеку од целта. Вакво нешто е мисловна именка за планирачките и гравитациски авиобомби кои во моментов се наоѓаат во вооружувањето на руските Воздушно-космички сили.  

Новата авионска бомба може да биде фрлена врз непријателот на растојание од 30 километри, а благодарение на системот на сателитска навигација ГЛОНАСС, добиени се екстремни параметри на прецизност со кои ја погодува и неутрализира својата цел.

ПБК-500У „Дрељ“ е долга 3,1 метри, нејзиниот калибар изнесува 450 мм, а вкупната маса достигнува цели 540 кг. Ефективната зона на нејзината употреба по висина се движи од 100-14000 метри, додека елементот на брзина при нејзиното отфрлање е ограничен на 1100 км/ч.

Боевите пробојни елементи се опремени со топлотни и радарски глави за самонаведување, а целокупниот електронски систем за наведување на бомбата се одликува со висок степен на отпорност на масивно противелектронско дејство од страна на непријателот. Бомбата нема никаков дополнителен погонски блок за достигнување на својот проектиран дострел. Таа го достигнува благодарение на одличните аеродинамични решенија кои ѝ овозможуваат до своето одредиште да долета како едрилица.

Уште една исклучително важна одлика на оваа бомба е радарската невидливост или „стелтност“. Ова бомба исклучително тешко се открива со радарските средства на ПВО, без оглед на опсегот на рефлексија на радиобрановите кои ги емитираат радарите. Исто така, ни современите пасивни видови на откривање на воздушни објекти, како што се електрооптичките системи засилени со термовизиски уреди тешко ја откриваат оваа бомба. Значи, нејзино пресретнување од страна на копнени системи за ПВО е крајно сложено и прашање е дали е воопшто изводливо.

Прочитајте повеќе: Руската армија ги добива самонасочувачките бомби „Дрељ“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња