За падот на рускиот авион Ил-20 одговорен е Израел: Русија има право на адекватен одговор

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
За падот на рускиот авион се виновни крајно неодговорните постапки на израелските пилоти, кои во руското Министерство за одбране се квалификувани како непријателски акт. Руското Министерство за одбрана објави и графички приказ кој го опишува целиот овој инцидент во кој загинаа 15 руски војници-специјалисти кои беа во состав на екипажот на авионот за специјални дејства Ил-20. Повеќе за ова во продолежението на текстот.

Русија ги оцени дејствата на израелската авијација во поширокиот реон на провиницијата Латакија како непријателски акт- нагласи официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков. Според него, израелските пилоти го искористиле рускиот Ил-20 практично како „штит“ од сириската ПВО, која го заштитува сирискиот воздужен простор над Латакија.

„Нашиот авион Ил-20, кај кого рефлектирачката површина е поголема во споредба со израелските ловци F-16 е погоден со ракета испукана од ракетен систем С-200. "- изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се нагласува дека е апсолутно невозможно израелските пилоти на ловци-бомабардери F-16 да не го забележале рускиот авион, кој патем и не е баш така мал, и кој во тој момент се наоѓал во фаза на слетување на височина од околу 5000 метара. Без оглед на сето тоа, тие свесно тргнале во агресивна провокација.

„Како резултат на неодговорното однесување на израелските пилоти загинаа 15 руски војници. Ова апсолутно не е во духот на руско-израелското партнерство“- заклучи претставникот на Министерството за одбранa. Тој во понатамошното свое излагање додаде дека „Израел воопшто не ја предупредил руската команда во Сирија дека има намера да изврши операција во подрачјето на Латакија.“

„Ние преку специјалниот канал за комуникација добивме известување на само една минута пред почетокот на израелскиот напад, што од временска гледна точка беше недоволно да го пренасочиме рускиот авон во безбедна зона“-соопшти Конашенков,

Според неговите зборови Министерството за одбрана го задржува правото адекватно да одговори на овие дејства.

Потсетник на редоследот на настани


Комплетната руска ваздухопловна база „Хмејмим“ од синоќа се наоѓа во вонредна состојба. Започната е голема пребарувачко-спасувачка операција за „исчезнатиот“ руски авион за радиоелектронско извидување и противелектронска борба Ил-20. Постојат сомнежи дека авионот е можеби соборен од израелски ракети в-в или пак од француска ПА ракета м-в „Aster“.
Ил-20 (кодификација НАТО- Coot-A) претставува специјален тип на авион за радиоелектронско извидување и противелектронска борба кој е направен врз база на патничкиот авион Ил-18. Тој посебно се истакна во Сирија, кадешто многу успешно ги координираше ударите на Воздушно-космичките сили, вклучувајќи ги тука и нападите со крстосувачки ракети „Калибр“.