Во Сирија исчезна руски авион од типот Ил-20: Во тек е голема пребарувачко-спасувачка операција за 1

Википедија
Комплетната руска ваздухопловна база „Хмејмим“ од синоќа се наоѓа во вонредна состојба. Започната е голема пребарувачко-спасувачка операција за „исчезнатиот“ руски авион за радиоелектронско извидување и противелектронска борба Ил-20. Постојат сомнежи дека авионот е можеби соборен од израелски ракети в-в или пак од француска ПА ракета м-в „Aster“.

Комуникацијата со специјалниот радио-електронски авион Ил-20 е загубена кога тој се наоѓал над Средоземното море, на оддалеченост од околу 35км од сирискиот брег. Во авионот се наоѓале 14 членови на екипажот и нивната судбина во моментов е неизвесна. Командата на руската ваздухопловна база „Хмејмим“ веднаш започна пребарувачко-спасувачка операција по исчезнатиот авион. Според информациите објавени на интернет порталот „MarineTraffic“, во моментов во близината на пристаништето Тартус се наоѓа спасувачкиот реморкер на руската Воена Морнарица „Профессор Николай Муров“.

Од Министерството за одбрана велат дека Ил-20 исчезнал од радарот во време кога се заблежани и четири израелски ловци F-16 кои летале во правец на провинцијата Латакија, која нешто подоцна и е ракетирана (извршени се удари по одредени индустриски и енергетски постројки во Сакуба). Во исто време делувала и сириската ПВО. Израелската војска одби да ги коментира наводите на руското Министерство за одбрана за потенцијалната вмешаност на нивни авиони во овој инцидент.

Истовремено, руските радарски системи регистрирале лансирање на ракета од француската фрегата „Оверњ“, која исто така се наоѓала во реонот каде што ичезна рускиот авион. Оваа фрегата е вооружена со 16 ракети од типот море-воздух „Aster 15“ со хоризонтален дострел до 30км (постои верзија на оваа ракета со поголем дострел која ја носи ознаката „Aster 30“ која што може да погоди цели и на 120км оддалеченост). Ракетата е опремена со активна радарска глава за самонаведување која во завршниот дел на траекторијата ја зафаќа целта. Француската војска демантираше учество во било каков напад на Латакија.

Рускиот експерт за геополитика Константин Сивков смета дека сириската ПВО која ја заштитува Латакија во никој случај не може да биде вмешана во овој инцидент, бидејќи таа била известена за прелетот и активностите на овој руски авион. Тој повеќе е склон да верува на претпоставката дека израелските авиони се тие кои се одговорни за падот на рускиот Ил-20.

Ил-20 (кодификација НАТО- Coot-A) представува специјален тип на авион за радиоелектронско извидување и противелектронска борба кој је направен врз база на патничкиот авион Ил-18. Тој посебно се истакна во Сирија, кадешто многу успешно ги координираше ударите на Воздушно-космичките сили, вклучувајќи ги тука и нападите со крстосувачки ракети „Калибр“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња