2Б25 „Гал“
АО „ЦНИИ „Буревестник“Рускиот минофрлач 2Б25 „Гал“, кој од неодамна се наоѓа во вооружувањето на руските специјални единици - Спецназ, покрај својата способност нечујно да ја уништува живата сила на непријателот, создава и силен психолошки ефекат кој може да предизвика паника во неговите редови, наведува американскиот портал „Драјв“, а пренесува РИА „Новости“.
По заоѓањето на сонцето, група војници тргнува во борбена патрола со цел обезбедување на позиција која се наоѓа во непосреден допир со непријателските сили, каде одненадеж се слуша недефиниран и придушен звук кој како да доаѓа од голема далечина. По само неколку секунди, оваа патрола е „засипана“ од проектили со помал калибар од чии детонации дел загинува, додека остатокот во паника се крие зад столетните стебла, не знаејќи воопшто што ги снашло, ниту од каде дејствува непријателот. Токму врз нив дејствуваше рускиот 82-милиметарски нечуен минофрлач 2Б25 „Гал““, сликовито ја пренесуваат потенцијалната опасност американските медиуми.
Уште во 2011 година руската компанија „Буревесник“ претстави своја верзија на придушениот минофрлач, но овој пат со калибар 82 мм. Оружјето е конструирано за потребите на мобилните диверзантски групи. Се работи за концептот 2Б25 „Гал“.
Тој од класичните минофрлачи се разликува во поглед на поинаквиот облик на основната цевка и борбеното постолје. Клучната предност на овој минофрлач, покрај малите габарити, е примената на распрскувачката граната 3ВО35Е. Придушеноста на истрелот се постигнува со заклучување на барутните гасови во специјалниот додаток на мината, при што се неутрализираат карактеристичниот пламен, чадот и вревата кои се создаваат во текот на постапката на истрелување на мината. Значи, покрај звучниот ефект, се неутрализира и евентуалната демаркација на огнената позиција. Ист механизам на истрелување поседува и придушениот пиштол ПСС „Вул“ кој е специјално проектиран за потребите на единиците за посебна намена. Куршумот СП-4, кој го користи овој пиштол, има сличен принцип на работа како и артилериската граната 3ВО35Е која се истрелува од минофрлачот 2Б25.
Во случајот со пиштолот тоа овозможува без врева и прашина да се неутрализира цел на оддалеченост и до 50 метри, додека артилериските посади вооружени со придушени минофрлач истото тоа можат да го сторат на далечина од 100-1200 метри, а непријателот воопшто да не почувствува дека над главата му лета мина. Патем, самата граната 3ВО35Е која ја користи овој минофрлач има многу интересен дизајн по кој е препознатлива.
Во текстот се наведува дека борбената брзина на гаѓање е 15 гранати во минута. Меѓутоа, во специјални прилики овој минофрлач може да истрела и до 30 гранати за 60 секунди. Авторот напоменува дека под таков силен оган е многу отежнато, практично невозможно да се изведе ефикасен контранапад, особено ако не се знае точната позиција на непријателот вооружен со овој минофрлач. Сето тоа создава парализа во сопствените редови, што пак генерира паника меѓу живата сила, затоа што се борат против непријател кој е невидлив.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче