Лада Нива
АвтоВАЗЗа тоа дека Lada 4х4 би можела да ја добие платформата на алијансата Рено-Нисан за автомобили со средна големина CMFB-LS зборуваше претседателот на компанијата Никола Мор, истакнувајќи притоа дека возилото ќе ги задржи исклучителните теренски карактеристики, пренесуваат медиумите.
На наследник на позната „Лада Нива“ се работи одамна, а по сѐ изгледа, како што се наведува, дека нема да биде развиена посебна, туку ќе биде користена заедничката платформа на алијансата Рено-Нисан.
Како што истакна Никола Мор, во фабриката АвтоВАЗ се работи на евентуални измени за адаптација на платформата на алијансата доколку биде донесена одлука токму таа да се користи во производството на новата „Лада 4x4“.
Поставените задачи подразбираат дека новиот теренец мора да има глобален потенцијал, односно да биде висококонкурентен автомобил за кој постои побарувачка не само во Русија, туку и на пазарите за извоз. Во земјата, инаку, домашниот теренец е исклучително популарен, така што минатата година беа продадени 29 илјади примероци, а првите шест месеци од оваа година 10229 возила.
Врз база на платформата CMF-B е произведена новата генерација возила на Renault/Dacia Duster, како новите Renault Kadjar, Nissan Qashqai и Nissan X-Trail. Заедничката платформа овозможува изедначување на производството, а со самото тоа и негово значајно поевтинување на новите модели. Платформата се состои од различни модули (просторот за моторот, внатрешноста, предниот кокпит, предниот дел на дното, задниот дел на дното...), а инженерите при изградбата на новиот автомобил да ги одберат соодветните компоненти од постојната понуда на „коцките“.
Извесни потешкотии постојат и во врска со изгледот на новата генерација на „Лада Нива“. Како што претходно изјави главниот дизајнер Стив Матин, автомобилот треба да се осовремени, да му се вгради нова ДНК, затоа што надворешниот изглед на овој модел е осмислен пред 40 години, а теренецот притоа треба да остане препознатлив.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче