Индија купува руски системи С-400, во редицата за купување се наоѓаат уште десетина земји

Виталиј В. Кузмин

Индија постигна договор со Русија за цената на противвоздушните ракетни системи С-400. Договорот официјално ќе биде обелоденета во пресрет на средбата меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди најавена за октомври.

Преговорите околу купувањето на ПВО-ПРО системи се завршени, финансиските прашања се усогласени. Индија за С-400 ќе плати 400 милијарди рупии, изјави за The Economic Times учесник во преговорите со индиската страна.

Инаку, 400 милијарди рупии се 5,93 милијарди долари.

Весникот цитира уште два извора, од владините кругови и индиската Воена морнарица, кои тврдат дека двете страни ги разгледуваат начините на кои договорот би можел да се заштити од американски санкции. За тоа, меѓу другото, како што се наведува, се разговарало на состанокот меѓу Путин  и Модиј во Сочи. 

Москва и Делхи се договорија за испорака на системот за ПВО-ПРО С-400 „Триумф“ 2016 година. Руските противвоздушни системи со среден и голем дострел важат за најдобрите на светот. Нивен прв странски купувач беше Кина која веќе го доби првиот полк „Триумфи“. 

Договор за испорака на С-400 склучи и Турција, а во редицата за купување на „Триумф“ се наоѓаат уште десетина земји.

Прочитајте повеќе: С-400 ќе може да гаѓа цели на растојание до 400 километри

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња