Рускиот производител на автомобили „ГАЗ“ на Московскиот меѓународен саем на автомобили претстави два нов проекти врз ваза на минибусот „ГАЗел Next”. Се работи за електрични возила со автопилот.
Во текот на презентацијата претставниците на овој бренд истакнаа дека овие новитети имаат системи за навигација со висок квалитет засновани на сателитските системи GPS/ГЛОНАСС и инерцијални навигации, а исто така располагаат и со функции за препознавање на сообраќајните знаци и објектите на сообраќајната инфраструктура. Едниот од прототиповите поседува оптички мерен инструмент „лидар“, а вториот стереокамери.
Треба да се скренути пажњу на тоа дека многуте технички решенија кои се искористени врз овие модели ќе бидат применети во сериското производство на автономни возила, како и во развојот на системите за безбедност за основните модели на оваа марка.
Новите проекти на руското претпријатие им овозможуваат на возилата „ГАЗ“ да се движат по зададени маршрути со прецизност од 1 сантиметар и да препознаваат пречки и сообраќајни знаци. Меѓутоа, засега не се зборува за сериско производство на овие возила или на активните системи за безбедност врз база на нивните автономни функции.