Мечкини канџи: Ракетите Х-101 ќе им подарат втора младост на бомбардерите Ту-95МСМ

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Модернизацијата на стратешките бомбардери Ту-95 која ќе овозможи користење на крстосувачките ракети со голем дострел Х-101 и Х-102 ќе им подарат на овие авиони втора младост, бидејќи на тој начин значително ќе го прошират нивниот борбен потенцијал.

Авторите на текстот што го објавува „Милитари Воч“ ги анализираа настанувањето и примената на Ту-95 во советско и руско време. Првично „Мечката“, како што со респект е наречен авионот во НАТО, беше наменета за стандардно бомбардирање на непријателска територија со атомски бомби, меѓутоа со развојот на системите за ПВО и ракетното вооружување оваа задача изгуби на актуелност.

Турбоелисниот бомбардер не се карактеризира со голема брзина, па со самото тоа е ранлив. Меѓутоа, ракетите со голем дострел со кои е опремен овозможуваат тој да напаѓа бројни потенцијални противници без да го напушта воздушниот простор на Русија. Така, на пример, советските ракети Х-55 со дострел до 3500 километри досегаа до која било точка во Европа, како и до Гренланд.

Модернизираните Ту-95 МСМ ќе бидат опремени со четири носачи, од кои секој може да носи по две ракети Х-101 или Х-102 (со термонуклеарна боева глава), чиј дострел е до 5500 километри. Тоа ќе овозможи од рускиот воздушен простор да се напаѓаат цели кои се наоѓаат, на пример, во половината држави на САД или во Африка.

Покрај тоа, Х-101 е тешко воочлива за радарите, по лансирањето може и да ја промени целта која ѝ е зададена пред истрелувањето, а метата ја погодува со голема прецизност. Веројатната кружна грешка на ракетата на максимална оддалеченост е само седум метри, додека подвижни цели погодува со точност до десет метри. Ефикасноста на овие ракети повеќе пати беше потврдена во текот на борбените дејствија во Сирија.

Прочитајте повеќе: Американските експерти најдоа уште една предност на рускиот стратешки бомбардер Ту-95