„Јандекс“ го лансира првото во Европа самовозечко такси

Official Tatarstan

Компанијата „Јандекс“ и владата на руската република Татарстан потпишаа договор за развој на сообраќајот со превозни средства без возач, па во согласност со тоа во „градот на иднината“ Инополис го лансираа првото во Европа самовозечко такси.

Ова се наведува во соопштението за печат кое рускиот ИТ гигант „Јандекс“ го упати до медиумите. Договорот го потпишаа претседателот на Татарстан Рустам Миниханов и генералниот директор на „Јандекс“ во Русија Елена Бунина. Претседателот притоа се повози со самовозечко такси возило и изјави: „Сигурен сум дека автомобилот без возач е подоверлив од возилата со кои управуваат оние кои купиле возачка дозвола“.

Постојат пет места на кои патниците можат да влезат или излезат од возилото - во близина на универзитетот, стадионот, медицинскиот центар, станбениот кварт „Зион“ и деловниот центар „Попов“. Граѓаните кои сакаат да го испробаат таксито без возач треба да повикаат возило на една од наведените станици и потоа бесплатно можат да се довезат до следната станица. Времето на чекање зависи од побарувачката, а за побрзо да се дојде до дестинацијата, може да се организира заеднички превоз, да речеме, соседите од една зграда можат да се здружат и заедно да одат на работа во Технопарк. Во автомобилот можат да се сместат до тројца патници, нагласува „Јандекс“ во соопштението.

Во текот на возењето во автомобилот секогаш седи и инженер кој ја следи работата на возилото.

Од компанијата „Јандекс“ порачуваат дека решиле да го стартуваат овој проект во Инополис затоа што тоа е „еден од центрите на руската ИТ индустрија“, своевиден „град на иднината“ во кој се создаваат и тестираат информатички технологии, а постои и комплетна градска структура.

Kон крајот на јуни беше објавено дека самовозечки автомобил „Јандекс. Такси“ пристигнал од Москва во Казањ, поминувајќи притоа 780 километри. За тоа му биле потребни 11 часа, а 99% од возењето се одвивало во автоматски режим. Во февруари оваа година „Јандекс“ тестираше самовозечки автомобил во Москва.

Прочитајте повеќе: „Јандекс“ го претстави своето беспилотно такси

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња