Јандекс не е обична компанија, тоа е национална гордост на Русија. Русите сакаат да носат костуми од меѓународни и американски брендови, но кога станува збор за Интернет-сервисите, тие си се држат до своите.
Јандекс е основан пред Гугл и сè уште е водечка Интернет-компанија на рускиот пазар, иако конкуренцијата секоја година е сè посилна.
Гугл секако претендира на рускиот пазар каде вкупниот број корисници изнесува 70%, додека во другите европски земји достигнува 80-90%. Но, Интернетот се шири во Русија со голема брзина.
Еве пет причини поради кои Јандекс е водечка руска Интернет-компанија.
И на крајот, Јандекс е сè постар и поискусен. Гугл дојде во Русија во 2004 година, а тогаш веќе беше доцна.
За волја на вистината, во 2014 година позициите на американската компанија станаа подобри зашто многу граѓани на Русија користат Интернет-услуги на своите мобилни уреди. Според податоците на компанијата Mail.Ru Group, 75% од граѓаните на Русија користат платформа Андроид на своите мобилни телефони, така што за нив Гугл е пребарувач кој е на прво место.
Но, Јандекс се бори и со оваа појава. Руската компанија во 2016 година започна истрага против оперативниот систем „Гугл Андроид“, изјавувајќи дека рускиот Гугл ги крши антимонополските закони на Русија.
Во август 2017 година корисниците на Андроид во Русија конечно добија екран на кој во браузерот Chrome Mobile можат да изберат пребарувач по желба. „Тоа е огромен чекор за руските корисници и има големо значење за она со кое ние долго време се занимаваме“, се вели во соопштението од компанијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче