Конструкторите во Русија работат на ново противподморничко оружје, соопшти за РИА „Новости” генералниот директор на концернот „Техмаш” Владимир Лепин.
„Се работи на развој на нови модели противподморничко оружје, кое по своите карактеристики ја надминува самонаведуваната авиобомба „Загон-2Э“, објасни тој.
Бомбата „Загон-2” е наменета за уништување на подморници кои се наоѓаат на површината на водата или под вода (до длабочина од 600 метри). Дометот на откривање на целта ѝ е до 450 метри.
Конструкторите успеаја речиси тројно да ја зголемат ефикасноста на бомбата „Загон-2Э” во споредба со нејзината претходничка „Загон-1”. Притоа е постигната речиси тројно пониска цена на чинењето на борбената задача.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче