Скриншот
ТВ-каналот „Ѕвезда“ сними и прикажа како главниот брод на Северната флота, тешкиот крстосувач „Петар Велики“, користи необично оружје. Се работи за противподморничките ракети на системот РПК-6 „Водопад“, наведува порталот rg.ru.
На снимката е прикажано лансирањето на ракети од овој уникатен систем.
Необичниот проектил најпрвин оди под вода и се оддалечува од бродот, а потоа излетува од водата во воздух.
Кога противподморничката ракета ќе стигне во реонот каде што се наоѓа целта, боевата глава повторно влегува во вода, стигнува до подморницата и ја уништува. Овие проектили можат да се лансираат од бродови и подморници.
РПК-6 „Водопад“ уништува непријателски подморници во радиус од 50 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче