Росгвардија добива агилен теренец за специјални операции: Извидувачко баги „УРА“

Алексеј Моисеев
За специјалните единици на Руската гарда произведен е офанзивно-извидувачки автомобил (УРА). Благодарение на спецификите на неговата конструкција ова баги со безбедносни држачи и со мрежа наместо предно стакло на припадниците на гардата им овозможува брзо движење не само по сите видови патишта, ами и преку тешкопроодни терени.

На воената намена на возилото укажува карактеристичната камуфлажна боја. На покривот може да се види место за поставување митралез ПКПН со калибар од 7.62 милиметри. Предвидено е и сместување до 7 кутии со реденик. Освен тоа, на јуришното возило има и поставки за три автоматски пушки, уште еден митралез и два противтенковски фрлачи на гранати.

Возилото има релативно мали димензии: долго е 3.515 милиметри, широко е 2.230 милиметри, а високо 1.460 милиметри. Масата со опрема изнесува само 700 килограми, додека тежината на товарот што може да го превезува е 350 килограми.

Моторот има 98 коњски сили. Според некои податоци, максималната брзина изнесува 12 километри на час. Има механички менувач. Големината на резервоарот изнесува 30 литри.

Возилото е претставено кон крајот на мај годинава во подмосковниот град Балашиха на вториот научно-технички форум „Ден на напредните технологии на безбедносните сили-2018“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња