Првиот суперсоничен патнички авион на светот е монтиран во близина на Казањскиот технички универзитет (поранешен Казањски воздухопловен универзитет), а сега „Туполев-144“ кон крајот на годината (50 години по првиот лет) ќе биде преуреден во музеј.
Ту-144 пред реновирањето стоеше 30 години на територијата на фабриката за авиони. Сега е опремен со специјален систем за визуелни ефекти во вид на облак или ведро небо со чија помош се создава илузија дека авионот лета.
Со планот за претворање на авионот во интерактивен музеј раководи ректорот на универзитетот.
Посетителите на музејот во пилотската кабина ќе можат да испробаат одделни механизми за управување со авионот. „Децата ќе влегуваат низ опашката и ќе поминуваат низ авионот разгледувајќи ги интерактивните експонати, а на крајот ќе поминат некое време во кабината. Секое од нив ќе излезе од авионот како целосно поинаква личност“, рече ректорот.
Во светот постоеја само два суперсонични авиони: рускиот Ту-144 и англиско-францускиот „Конкорд“. Првиот можеше да развие брзина од преку 2000 км/ч и полета на 31 декември 1968 година, два месеци пред својот европски ривал.
Меѓутоа, како патнички авион почна да лета дури 1977, кога „Конкорд“ веќе две години превезуваше патници. Ту-144 како патнички авион изведе само 55 летови. Се покажа дека трошоците за овој авион за тие цели беа премногу големи.
Година дена подоцна (1978) беа запрени патничките летови, а овој авион потоа се користеше за превоз на товар, за на крај и таа експлоатација да биде запрена, по што Ту-144 беше користен во Советската вселенска програма и програмата на агенцијата НАСА.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче