Американски магазин: Руската „Алмаз-Антеј” меѓу првите десет светски производители на оружје

Александар Вилф/Sputnik

Рускиот концерн „Алмаз-Антеј” се најде меѓу првите десет компании на ранг-листата на светските производители на оружје и воена опрема според резултатите од 2017 година. Ранг-листата ја составија експертите на специјализираниот американски неделник „Дифенс Њуз“.

Стручњаците истакнуваат дека „Алмаз-Антеј” ги зајакнал своите позиции на светскиот пазар на оружје и го задржал водството меѓу компаниите од руската воена индустрија.

„Првото место меѓу руските компании на ранг-листата на неделникот „Дифенс Њуз“ повторно го зазеде нашиот концерн, што очигледно го потврдува значењето на производот на нашето претпријатие за одбранбената способност на Русија. Напорите на нашиот колектив, кој брои неколку илјади луѓе, пред сѐ се насочени кон реализација на државната програма за набавка на вооружување и производство на напредни ПВО-ПРО системи Вооружените сили на Русија“, изјави генералниот директор на концернот „Алмаз-Антеј” Јан Новиков.

Меѓу првите 100 компании на ранг-листата се наоѓаат уште неколку руски претпријатија. Обединетата корпорација за производство на авиони го зазеде 14 место, корпорацијата „Ракетно тактичко вооружување” 25 место, „Хеликоптери на Русија” се најдоа на 36 позиција, „Уралвагонзавод” на 46, а концернот „Радиоелектронски технологии” на 48 позиција.

На 18 јули оваа година концернот „Алмаз-Антеј” му го предаде на Министерството за одбрана на Русија први полк С-400 „Триумф” во оваа година.

Прочитајте повеќе: Воздушно-космичките сили добија 30 борбени авиони, ремонтирани системи С-300, моќни радари „Каста“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња