Воздушно-космичките сили добија повеќе од 30 нови и ремонтирани авиони. Според соопштението на информативната служба на руското Министерство за одбрана кое го пренесува пренесува интернет порталот „Взгљад“, се работи за пет нови авиони и 19 кои се во целост ремонтирани.
Освен со воздухопловна компонента, Воздушно-космичките сили се опремени и со ремонтирани противвоздушни ракетни системи С-300, потоа со 36 нови и 9 модернизирани тридимензионални радарски станици со кружно набљудување „Каста 2-2“, која обезбедува откривање на авиони, хеликоптери, ракети и други воздушни објекти на мали височини, вклучувајќи и цели кои летаат екстремно ниско. Покрај тоа, единиците на Воздушно-космичките сили ги пополнија своите хангари со вооружување со повеќе од 30 илјади воздухопловни убојни средства од различен тип.
„До крајот на оваа година, во согласност со програмата на државниот план за набавка на вооружување за потребите на Воздушно-космичките сили, очекуваме комплетирање и испорака на уште седум повеќенаменски борбени авиони Су-35С од генерацијатта 4++“, истакнуваат од информативната служба на Министерството за одбрана на РФ.
До крајот на 2017 година во единиците на Воздушно-космичките сили се испорачани вкупно 191 авиони и хеликоптер (оваа бројка вклучува потполно нови авиони, но и ремонтирани и модернизирани).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче