Тор-М2У
Виталиј В. КузминРускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ ќе им го понуди на странските купувачи најновиот противвоздушен ракетен систем со краток дострел „Тор-Э2“, најави генералниот директор на концернот Александар Михеев.
„На претстојниот воено-технички форум „Армија 2018“ кој ќе биде одржан од 21 до 26 август во Подмосковје, концернот „Рособоронекспорт“ ќе излезе со детални информации за системот „Тор-Э2“. Покрај тоа, на форумот очекуваме голем интерес кај домашните и странските гости и за другите новитети на противвоздушната одбрана на нашата компанија, како што се системите „Викинг“ или борбеното возило „Гибка С“, рече Михеев.
Како што истакна тој, „Тор-Э2“ е долгоочекуваниот новитет во сегментот на средствата за ПВО со краток дострел. Михеев нагласи дека за ова оружје се заинтересирани купувачи од многу земји.
„Системот ги задржа најдобрите особини својствени за линијата „Тор“ и стана уште поефикасно оружје за одбрана од сите современи средства за воздушен напад. Според своите единствени борбени можности и технички карактеристики го надминува мнозинството конкурентски модели на светскиот пазар, а според мобилноста и сигурноста му нема рамен“, изјави Михеев.
Генералниот директор на „Рособоронекспорт“ додаде дека концернот е подготвен да ги разгледа барањата за испорака на новите „Тор“-ови. Противвоздушниот ракетен систем „Тор-Э2“ е во состојба да уништува авиони, хеликоптери, крстосувачки, противрадарски и други наведувани ракети, високопрецизно оружје и беспилотни летала на далечина од најмалку 15 км и висина до 12 км. Системот работи во услови на масивно противелекетронско дејство на противникот во сите метеоролошки услови. Батерија четириканален „Тор-Э2“ во која се наоѓаат четири борбени возила со ракети е во состојба истовремено да гаѓа 16 цели и тоа во движење или со кратко запирање. Борбениот комплет на едно возило го сочинуваат 16 ракети, двојно повеќе од претходната модификација на системот од типот „Тор“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче