Советскиот бесповлечен топ СПГ-9 „Копје“ и понатаму незаобиколив во борбата против џихадистите

Public Domain

Советскиот противтенковски бесповлечен топ СПГ-9 „Копје“ одамна се покажа како сигурно, едноставно и многу ефикасно оружје. Направен уште во шеесеттите години од минатиот век, успешно е применуван во бројни воени конфликти во разни делови на светот.

За негов голем квалитет се смета релативно малата маса од 47,5 килограми, како и можноста за уништување оклопни цели на растојание до 1300 м и жива сила на далечина од 4500 метри.

Во овој момент „Копје“ често може да се забележи во репортажите од Блискиот Исток. Во Сирија СПГ-9 активно го користат како регуларната војска, така и непознати вооружени формации. Широко е присутен и во Ирак, а за време на осмогодишната војна против Иран се користеше за борба против непријателски тенкови и пешадија.

Без оглед што ирачката војска долго време ја снабдуваа со оружје Американците, припадниците на локалните вооружени сили не сакаа сосем да се откажат од она што е сигурно проверено, вклучувајќи ги и руските бесповлечни топови.

Во моментов често се поставуваат на автомобили УАЗ, различни лесно оклопни возила, на пример влечни возила МТ-ЛБ и оклопни транспортери БТР-50. Не е одминато ни американското оклопно возило „Хамви“. На интернет се појавија фотографии од такво борбено возило со бесповлечен топ СПГ-9 на покривот. Возилото учествувало во борбените операции, а тој вид „модернизација“, според оцените на Ирачаните, се покажала како оправдана.

Прочитајте повеќе: Како советскиот топ М-46 од 50-те години на минатиот век стана незаобиколиво орудие во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња