Уникатното руско радијациско-хемиско возило РХМ-6 првпат забележано во Сирија

Новости на Первом канале / youtube.com

Во Сирија првпат е забележано радијациско-хемиското извидувачко возило РХМ-6 креирано врз база на оклопниот транспортер БТР-80. Ова возило се појави на рускиот „Прв канал“ во репортажа од југозападната зона на деескалација.

РХМ-6 од обичниот оклопен транспортер однадвор се разликува по специјалната опрема. Меѓу другото, на покривот е поставен инструмент за далечинско сондирање на атмосферата ПРХДД-2Б. Со негова помош војниците на растојание од 3 километри од зоната на контаминација можат да издвојат и идентификуваат отровна материја.

Оклопното четириосовинско возило е опремено со најнова апаратура, вклучувајќи и систем за сателитска навигација. Постои можност за прибирање на информации и нивно проследување до командниот пункт во реално време.

Како и возилото врз кое е базирано, РХМ-6 има митралез КПВТ (големокалибарски тенковски митралез „Владимиров“) со калибар 14,5 милиметри и ПКТМ (тенковски митралез „Калашников“) со калибар 7,62 милиметри.

Максималната брзина на возилото е 80 км/ч на пат. Преку водена пречка брзината му е 9 км/ч. Може да помине 600 километри со полн резервоар. Борбената маса му е 13,5 тони, екипажот го сочинуваат 3 војници.

Според мислењето на воените експерти, се смета дека РХМ-6 е во моментов најдоброто возило за оваа намена. Во Сирија, каде терористите повеќе пати применија отровни материи, без него едноставно не се може. Со помош на ова возило може ефикасно да се утврди постојна закана и да се спасат животите на илјадници цивили.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња