Незаобиколив учесник во сите борбени операции во војната во Сирија беше топот М-46 со калибар од 130 мм, орудие користено и во неодамнешните големи битки. Деновиве на интернет се појавија голем број фотографии вклучувајќи и многу ефектни, како и видеоматеријали во кои е снимено како за влечење на „стотриесетката“ се користат разни тегначи.
جمال سلاح المدفعية في هذه الصورة .. #SyrianArmy#syriapic.twitter.com/oDi1DF1T19
— موسوعة عسكرية سورية (@Syr_Mil_Wik) 19 July 2018
Воените стручњаци сметаат дека ниту еден друг артилериски систем не може да се спореди со М-46 според широкото присуство во војската. Се разбира дека извесен број од вкупно 800 топови кои постоеја во арсеналите 2011 година е изгубен во борба. Меѓутоа, и сега може да се зборува за стотиците парчиња на ова оружје кои и понатаму е во состав на вооружувањето.
Инаку, меѓу оружјето запленето од страна на регуларната сириска војска кое терористите овие денови го враќаат, многу често се наоѓа и топот М-46.
Колку и да изгледа чудно, фактот дека М-46, и покрај тоа што е направен во педесеттите години од минатиот век и не се произведува уште од 1971 година, според многу карактеристики, а особено по дострелот, никогаш ги нема разочарано артилерците ширум светот, па ни сириските. Ефективниот дострел со распрскувачко-фугасни гранати изнесува 27490 метри. Топот со активно-реактивни гранати развиени во Иран и Кина уништува цели на оддалеченост од 37000, односно 44000 метри.
Тежината на позиција му достигнува 7700 килограми, брзината на стрелба до осум гранати во минута. Максимална брзина на транспортот му е 50 километри на час.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче