Според рускиот рекламен сервис „Јула“, најпродаваните паметни часовници и други уреди во земјата припаѓаат на брендот „Ми“, кој го произведува кинескиот производител на електроника „Ксиаоми“. Гаџетите на оваа компанија учествуваат со 36,5% во продажбата на паметни часовници и мерачи за фитнес во Русија во вториот квартал на 2018 година.
„Епл“ е на второто место, а „Самсунг“ е на третото со 14% удел во пазарот. Сепак, според „Јула“, „Хјуавеи“ го зголемува своето присуство. Во споредба со првиот квартал од 2018 година, популарниот кинески бренд значително го зголеми своето присуство во сегментот „Паметни часовници и нараквици за фитнес“, зголемувајќи го својот удел на пазарот од 3,5% на 6%.
Продажбата на уредите за носење на АСУС исто така се зголемени за 38%, како и на „Полар“ (за 17%). „Но, моделите на брендовите „Алкател“, „Пебл“ и „Џобоун“ ја намалија продажбата за 41%, 34% односно 33%“, се вели во соопштението на „Јула“.
Цената не е главниот мотивирачки фактор за Русите, а потрошувачите избираат поскапи апарати. Просечната цена на купени фитнес нараквици и паметни часовници во „Јула“ во вториот квартал од 2018 година изнесува 4300 рубли (67,7 долари), што е за 6% повеќе од пред три месеци.
Најголемиот број на паметни часовници и мерачи за фитнес се продадени во Москва, Санкт Петербург и Новосибирск, главниот град на Сибир. Овие градови учествуваат со 27% во продажбата во вториот квартал од 2018 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче