Руските научници ги поставија темелите за следната генерација уреди погодни за носење

Глобалниот хаптички пазар - технологијата поврзана со чувството за допир - се очекува да порасне до 20,4 милијарди долари до 2025 година, а новите уреди бараат нови решенија.

Глобалниот хаптички пазар - технологијата поврзана со чувството за допир - се очекува да порасне до 20,4 милијарди долари до 2025 година, а новите уреди бараат нови решенија.

Lars Hagberg/Global Look Press
Ново истражување носи промени кои можат да ни дадат напредни уреди погодни за носење. Тим научници открија револуционерно средство за подобрување на оптичките и електричните својства на јаглеродни наноцевки.

Потенцијалот на нашите гаџети, вклучувајќи ги и паметните телефони и таблет уредите, не се ни близу до она што треба да бидат. Најголемиот предизвик е екранот чувствителен на допир, особено кога станува збор за стапката на освежување, времето на одговор и потрошувачката на енергија.

Глобалниот хаптички пазар - технологијата поврзана со чувството за допир – се очекува да порасне до 20,4 милијарди долари до 2025 година, а новите уреди бараат нови решенија.

Тим научници од Институтот за наука и технологија (Сколково) во Москва сметаат дека лентите направени од едноѕидни јаглеродни наноцевки може да ги заменат своите пандани од метални оксиди во електрониката.

Проѕирните метални оксидни ленти што се користат во индустријата, имаат неколку недостатоци во рефлексијата, кршливоста и високата цена на суровините. Во споредба со металните оксидни ленти, оние направени од едноѕиден јаглерод се флексибилни, издржливи и хемиски стабилни.

Меѓутоа, треба да се подобрат оптоелектричните карактеристики на лентите на јаглеродни тенаноцевки. За таа цел, тимот на „Сколтех“ користеше „допинг“, чин на обложување на површина со густа течност, за да ги промени електричните и оптичките својства на материјалот.

„Користевме златен хлорид како најефикасен допант за едноѕидните јаглеродни наноцевчести ленти“, рече докторандот на „Сколтех“  Алексеј Цапенко, главен автор на студијата. „Можевме да ги подобриме оптоелектричните својства на лентите преку оптимизирање на допинг растворувачот и условите“. 

Научниците успешно развија едноѕидни јаглеродни наноцевчести ленти кои совпаѓаат со оптоелектричните карактеристики на нивните пандани од метал-оксид. Резултатите од студијата беа објавени во научниот весник „Карбон“.

Прочитајте повеќе за најдобрите стартап проекти во 2017 година кои доаѓаат од „Сколково“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња