Новиот руски смартфон „ТајгаФон” штити од шпионажа

Global Look Press
Руската компанија „ИнфоВоч“ (InfoWatch) произведе заштитен смартфон „ТајгаФон”, наменет за корпорации.

Телефонот ќе биде официјално претставен на 22 септември во рамките на 10 Меѓународна конференција Business Information Security Summit во Москва,  пишува „Известија”. Новиот паметен телефон ќе се продава во состав на системот на програми и апарати „ТајгаФон” кој е наменета за заштита на организациите од истекување на информации преку паметните телефони и кој обезбедува целосна контрола на работата на сите инсталирани апликации.

„Не станува секогаш збор за тоа дека вработените намерно пренесуваат информации некому. Тоа може да се случи и без нивно знаење, на пример, поради апликациите кои што производителот ги инсталирал во телефонот пред продажбата, при што корисник на апликацијата не може да ги избрише. Пред неколку дена се обидовме да ги отстраниме овие однапред инсталирани апликации од еден популарен модел на паметен телефон. За да успееме во тоа, требаше да се стекнеме со права на администратор. Кога го сторивме тоа, производителот на телефонот далечински воведе забрана за користење на камерата и продавницата за апликации на „Андроид“,  објаснува генералниот директор на компанијата „ИнфоВоч“ Алексеј Нагорни.

За заштита од протекување на информации, „ТајгаФон“ добил сопствен фирмвер (компјутерска програма вградена во хардверот) врз основа на „Андроид“, која овозможува степенот на приватност да се поставува посебно за секој телефон или за сите смартфони кои се користат во една компанија. Меѓу другото, фирмверот овозможува да се подеси какви апликации не може да се инсталираат на уредот или да се забрани инсталација на програми кои бараат пристап до одреден тип на информации (на пример, фотографии).

„Само преку овој телефон вработените ќе имаат пристап до внатрешните сервиси на компанијата, како што се електронската пошта или работната документација. Тоа ќе овозможи да се спречи или намали на минимум ризикот од истекување на корпоративните податоци“, истакна Нагорни.

Што се однесува до општите технички карактеристики на „ТајгаФон“, тие се мошне скромни според денешните критериуми. Паметниот телефон има 5 инчен дисплеј со резолуција од 1280х720, 2 GB RAM и 16 GB внатрешна меморија. Резолуцијата на главната камера е 8 мегапиксели, а на предната камера 4 мегапиксели. Батеријата на „ТајгаФон“ има капацитет од 1900 mAh. Според Нагорни, цената на телефонот ќе биде од 12 до 15 илјади рубли (170 до 215 евра). Точното време на излегување на пазарот сѐ уште не се објавува.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња