Првите фотографии од внатрешноста на новиот автомобил на шефот на руската држава се појавија по официјалната средба на Владимир Путин со неговиот колега од Абу Даби принцот Мухамад ел Нахајан.
По официјалниот дел, преговорите и потпишувањето на заеднички документи, двајцата државници излегоа од Големиот кремљовски дворец на улицата каде рускиот претседател му ја покажа на принцот својата лимузина.
Поради големиот интерес на јавноста за лимузината Aurus „Сенат“ се знае речиси сѐ, единствено нејзината внатрешност остана обвиена со превезот на тајната.
Благодарение на љубопитноста на принцот престолонаследник кој сакаше да седне во лимузината од серијата „Кортеж“ внатрешноста на новиот руски автомобил од премиум класата е забележана на фотографиите на претседателската администрација и снимката што ја направија камерите на телевизијата RT. Путин накратко го окарактеризира автомобилот како малку подобар од „Мерцедес“.
На фотографиите и на снимката се гледа задниот дел на салонот. Врз основа на дебелината на вратите, стаклата и каросеријата, може да се зборува за исклучително добро блиндирано возило. Салонот е предвиден за два главни патника и два асистента, за кои се предвидени помошните седишта кои можат да се искористат и како потпирач за нозете. Пред патниците се наоѓа широка ниска конзола која може да послужи како масичка за придружбата.
Автомобилскиот сајт „За рулем“ вели дека судејќи според сѐ, задната врати од внатрешната страна, таму каде што на надворешната страна е стаклото, е „затворена“ и дека таму се наоѓаат монитори. Уште еден монитор се наоѓа кај нозете на патникот, со помош на кој најверојатно може да се управува со функциите на автомобилот. Како што наведува сајтот, судејќи според фотографиите, изгледа дека салонот е малку потесен како последица на дебелиот оклоп.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче