Како советскиот топ М-46 од 50-те години на минатиот век стана незаобиколиво орудие во Сирија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Незаобиколив учесник во сите борбени операции во војната во Сирија беше топот М-46 со калибар од 130 мм, орудие користено и во неодамнешните големи битки. Деновиве на интернет се појавија голем број фотографии вклучувајќи и многу ефектни, како и видеоматеријали во кои е снимено како за влечење на „стотриесетката“ се користат разни тегначи.

Воените стручњаци сметаат дека ниту еден друг артилериски систем не може да се спореди со М-46 според широкото присуство во војската. Се разбира дека извесен број од вкупно 800 топови кои постоеја во арсеналите 2011 година е изгубен во борба. Меѓутоа, и сега може да се зборува за стотиците парчиња на ова оружје кои и понатаму е во состав на вооружувањето.

Инаку, меѓу оружјето запленето од страна на регуларната сириска војска кое терористите овие денови го враќаат, многу често се наоѓа и топот М-46. 

Колку и да изгледа чудно, фактот дека М-46, и покрај тоа што е направен во педесеттите години од минатиот век и не се произведува уште од 1971 година, според многу карактеристики, а особено по дострелот, никогаш ги нема разочарано артилерците ширум светот, па ни сириските. Ефективниот дострел со распрскувачко-фугасни гранати изнесува 27490 метри. Топот со активно-реактивни гранати развиени во Иран и Кина уништува цели на оддалеченост од 37000, односно 44000 метри.

Тежината на позиција му достигнува 7700 килограми, брзината на стрелба до осум гранати во минута. Максимална брзина на транспортот му е 50 километри на час.

Прочитајте повеќе: „Советски ветеран“ им помага на сириските христијани во борбата против терористите