„Авангард“ ќе може да ја издржи температурата која се создава при брзина од 25000 км/ч

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руските научници работат на создавање суперотпорна легура врз база на титаниум која ќе ја штити термонуклеарната боева глава и контролниот блок на перспективното хиперсонично ракетно оружје „Авангард“ од високите температури кои достигнуваат неколку илјади степени целзиусови.

Телото на новиот хиперсоничен контролен блок за стратешка намена „Авангард“ ќе биде направено од титаниумска суперлегура која ќе биде исклучително отпорна на висока температура кои се создаваат при летање со брзини од 15-20 пати поголеми од брзината на звукот. Инженерите за развој на „НПО Машиноградба“ (НПО машиностроения) работат на нов материјал кој на овој објект ќе му обезбеди стабилен лет во услови кога доаѓа до создавање на тнр. ефект на плазма.

Концернот „НПО Машиноградба“ работи на нови материјали врз основа на титаниум кои ќе имаат исклучителни својства, пред сѐ кога е во прашање отпорноста на високи температури. Овој научноистражувачки проект е неопходен за развој на целосно нови тела за хиперсоничните ракети, како што е случајот со интерконтиненталната балистичка ракета „Авангард“, истакна за РИА „Новости“ извор од воено-индустрискиот комплекс.

Покрај хиперсоничната ракета за стратешки намени „Авангард“, научниците на „НПО Машиноградба“ работат на развојот на другата хиперсонична ракета „Циркон“ која повеќе ќе има оперативно-тактичка намена. Со овие ракети освен површинските воени бродови, ќе бидат опремени и нуклеарните подморница од нова генерација „Хаски“. Според различни извори од рускиот воено-индустриски комплекс, ракетата „Циркон“ ќе има проектирана брзина на летање од 4-6 Маха.

Како што за РИА „Новости“ објасни членот на Експертскиот совет во рамките на рускиот воено-индустриски комплекс Виктор Мураховски, работата над изработката на специјални типови на тело за ракети врз основа на титаниумска суперлегура нема да биде ограничена само на хиперсоничните ракетни системи „Циркон“ и „Авангард“. Покрај овие два проекти и маневрирачките боеви блокови кои ќе бидат во состав на интерконтиненталната ракета „Сармат“ ќе треба да бидат заштитени со овие суперлегури.

„Тука се работи за оружје кое ќе лета со брзина од најмалку 5 пати поголема од брзината на звукот. Исто така, вакви материјали ќе се користат и во развојот на останатите перспективни проекти кои допрва доаѓаат, но сѐ уште не се јавно обелоденети“, истакнува експертот.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, во својот историски говор одржан на 1 март 2018, изјави дека системот „Авангард“ е способен во густите слоеви на атмосферата реализира интерконтинентален домет, при што може да развие брзина која е дури 20 пати поголема од брзината на звукот. Неодамна рускиот вицепремиер Јуриј Борисов, кој во тој момент беше заменик-министер за одбрана, изјави дека е потпишан договор за сериско производство на првата партија системи „Авангард“.

Погледнете: Доколку Русија биде присилена да се брани, таа ќе биде одбранета!