Ова го пренесе интернет сајтот „Украински милитаристички портал“. Во меѓувреме по нарачка на Министерството за одбрана на Украина домашната наменска индустрија ја ремонтира старата ракета 9М38М1 за противвоздушниот ракетен систем 9К37М1 „Бук-М1“ кој се наоѓа во вооружувањето на украинската војска. Особено внимание се посветува на отсекот кој ја придвижува ракетата, т.е. на моторите и цврстото ракетно гориво. Токму квалитетот на погонот има решавачко влијание на забрзувањето, максималната брзина на летот и дострелот при пресретнувањето на воздушни цели.
Според информациите кои ги објави овој портал, последниве неколку години домашните претпријатија успеале практично од „нула“ да го организираат производството на најдефицитарните компоненти на овој систем каде успеале да ремонтираат ¼ од вкупниот број на оперативни ракетни системи Бук-М1.
Во Павлоградскиот хемиски завод успешно е развиен нов тип на цврсто ракетно гориво со подобрени карактеристики, а неговото испитување и понатаму е во те. Очекувањата се дека ова цврсто ракетно гориво во координација со техничкото подобрување на останатите системи на ракетата ќе успее да ги зголеми нејзината брзина и ефективниот дострел, истакнува украинскиот портал „Потсетник“ (Подсетник).
Ракетата 9М38 уште во 70-те години на минатиот век ја осмислија ракетните инженери на специјализираното биро „Вимпел“, додека нејзиното производство беше организирано во производствените хали на фабриката „Новатор“¹. Ракетата беше наменета за тогаш перспективната фамилија системи за ПВО „Бук“ кои беа природно продолжение на ракетните системи 2К12 „Куб“.
Ракетата ја карактеризираше дворежимски ракетен мотор на цврсто гориво кој можеше да работи до 15 секунди. За тоа време ракетата можеше да достигне далечина и до 35 километри каде со самонаведувана боева глава од распрскувачко-разорен тип ќе го уништеше воздушниот објект. Вкупната маса на боевата глава изнесуваше околу 70 кг. Ракетата беше ефикасна против воздушни цели кои при својот лет изведуваат маневри со оптоварување до 19G. Зоната на уништување на целта беше до 32 км во далечина и 20 км во височина.
¹Двете претпријатија се наоѓаат на територијата на Руската Федерација и денес се делови од големите корпорации „Тактичко ракетно вооружување“ и „Алмаз-Антеј“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче