Новиот фургон „УАЗ Профи“ пристигна во продажба

УАЗ

Во дистрибутивните центри на УАЗ од јули може да се набави новата модификација на лесното товарно возило „УАЗ Профи“ – фургон за достава. Најниската цена е 833500 рубли (околу 11500 евра).

Во серијата модификации на фургонот „УАЗ Профи“ се појави новиот долгоочекуван модел. Фургонот за достава гарантира одличен однос на оние карактеристики кои се значајни з превоз на роб. Во новата верзија лесното товарно возило стана уште поуниверзално и поприлагодено на исполнувањето на секојдневните деловни задачи на малиот и средниот бизнис.  

Ова е најпрактичната модификација за превоз на роба на која ѝ е потребна заштита од надворешни влијанија. На пример, мебел, градежен материјал, сложена техничка опрема, всушност, секој товар кому не му треба одредена температура. Товарот може да биде безбеден во сите временски услови и заштитен од обиди за недозволен пристап.

Како и другите модификации, фургонот за достава има неколку верзии. Фургоните можат да се нарачаат во стандарден и оптимален комплет. Се разликуваат според конструкцијата, надворешните и внатрешните материјали и опремата. Во секој случај, фургон овозможува безбедност на превозот на роба и еднаков простор за нејзино складирање од 12 метри квадратни.

Фургонот за достава е достапен во верзија со заден погон и погон на четири тркала. Постои и можност возилото да се опреми со фабричко плинско шише. Од конструктивните промени во однос на стандардниот модел „УАЗ Профи“ можеме да го издвоиме зајакнатиот систем за потпирање на предните и задните тркала.

Што се однесува до цената на фургонот за достава, со основниот комплет „Стандард” и со заден погон таа изнесува 833500 рубли (околу 11500 евра), додека возилото со погон на четири тркала со комплетот „Комфор” и со плинска опрема ќе чини 980500 рубли (околу 13500 евра).

Како што се наведува, компанијата УАЗ ќе продолжи да ја проширува серијата возила „УАЗ Профи“ со нови модификации и различни надградби за различни намени. Деталите за новиот фургон со сите негови карактеристики можете да ги дознаете на сајтот.

Прочитајте повеќе: Претставен експерименталниот примерок на товарното возило „УАЗ Профи“ со хибриден мотор

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња