Претставен експерименталниот примерок на товарното возило „УАЗ Профи“ со хибриден мотор

УАЗ

Хибридниот автомобил претставен на изложбата во Екатеринбург „Иннопром-2018” го осмислија стручњаците од Централниот научноистражувачки авто-моторен институт и Научно-технолошкиот институт на Фабриката за производство на автомобили од Улјановск врз база на комерцијалното товарно возило „Профи”.

Погонскиот систем на пробниот примерок го сочинува еден бензински мотор со зафатнина од 2,3 литри кој развива моќност од 131 КС и еден електромотор (126 КС). Возилото е исто така опремено со шестстепен автоматски менувач и комплет батерии со сила од 14 киловат-часови.

Погонскиот систем може да работи во три режими, само бензински мотор, само електромотор или комбинирнао. Во различни режими на движење се разликуваат потрошувачката на гориво, динамиката и максималната брзина. Така во комбиниран режим возилото забрзува „до стотка“ за 10,7 секунди (што е добра динамика и тројно подобра резултат во однос на серискиот примерок со мотор со внатрешно согорување), има максимална брзина од 141 км/ч и автономија на движење од 850 км. Носивоста изнесува 1,5 тони.

Хибридниот систем има уште една предност која се однесува на емисијата на јаглен диоксид. Возилото одговара на строгите барања на Евро 6 стандардот, а ќе биде прилагодено во тој поглед и со идните прописи кои во ЕУ стапуваат во сила од 2020 година.

Прочитајте повеќе: Почна продажбата на новиот комерцијален камион УАЗ „Профи”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња