Наскоро во продажба два нови модела на УАЗ „Профи“ со цистерна за превоз на млеко и гориво

УАЗ
Регистрирани се два нови модела на возилото УАЗ „Профи“ со цистерна наменети за превоз на млеко и гориво.

Новите модификации на возилото УАЗ „Профи“ се регистрирани и наскоро ќе се најдат во продажба, а производителот почна да прима нарачки, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на надлежниот ресор за сертификација на возила.

Доплатата за овие модификации оди од 187 илјади рубли. За верзијата од не’рѓосувачки челик треба да се доплатата речиси 300 илјади рубли. Во понудата се наоѓа и разладен уред за цистерни со млеко за кој треба да се издвојат 160 илјади рубли.

Според своите технички карактеристики цистерната за превоз на млеко по ништо несе разликува од онаа за превоз на гориво. Вкупната запремнина на цистерната која се состои од два одвоени блока изнесува 1500 литри.

Возило  УАЗ „Профи“ беше претставено од Фабриката за производство на автомобили од Улјановск пред неколку месеци. Моторот со запремнина од 2,7 литри со 149 кс е поврзан со петбрзински механички менувач. Погонот може да биде на предните или на сите четири тркала. Освен тоа, достапни се и УАЗ „Профи“ возила на гас.

Прочитајте повеќе: Товарно возило УАЗ „Профи“: Објавени нови фотографии и најавена премиера

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња