Вооружените сили на Кина во моментов продолжуваат да користат два самоодни противвоздушни системи. Се работи најпрвин за системот PGZ-04A, кој поседува два двоцевни автоматски топа со калибар 25 милиметри. Со брзина од 800 гранати во минута тие можат да гаѓаат цели на висина до 2000 метри и на далечина до 2500 метри.
Овој противвоздушен систем поседува и оружје кое е копија на советскиот преносен противвоздушен систем „Игла-1”. Неговата задача е борба против објекти во воздух на далечина до 6 километри.
Тој има и систем за управување со огнот со радар, видеокамера и термовизиска камера, кој ефикасно открива непријателски летала.
Меѓутоа, како што истакнуваат воените стручњаци, овој самооден систем веќе беше застарен кога е примен во вооружувањето. Има ограничени можности кога се работи за борба против современи офанзивни хеликоптери. Истото се однесува и на другиот кинески противавионски самооден систем PGZ-07. По изглед тој многу потсетува на германскиот „Гепард” од 70-те.
Неговото основно вооружување го сочинуваат два модернизирани топа со калибар 35 милиметри. Ефикасниот дострел на гаѓање на цели во воздухот е 4000 метри. Поседува радар и термовизиски нишан кој може автоматски да ги следи целите.
Воените експерти, кога ги споредуваат кинеските противавионски самоодни системи со рускиот противавионски топовско-ракетен систем „Тунгуска”, конкретно со неговата модернизирана варијанта 2С6М1, му даваат предност на руското оружје. Неговите два двоцевни автоматски топа со калибар 30 милиметри се ефикасни на растојанија од 200 до 4000 метри и на висини од 0 до 3000 метри. Тука се гледа целосната надмоќ на „Тунгуска“ над PGZ-95 и нејзината релативна изедначеност со PGZ-07. Меѓутоа, ракетите кои ги поседува системот „Тунгуска” му овозможуваат гаѓање на авиони и хеликоптери на растојанија од 200 до 10000 метри и на висини од 15 до 3500 метри. За кинеските модели тоа се недостижни карактеристики.