РПК-16 на стрелиште
YouTubeПрвиот контингент нови пушкомитралези РПК-16 му е испорачан на руското Министерство за одбрана, нагласуваат од концернот „Калашников“. Оваа информација е објавена на официјалниот сајт на концернот и ја цитираме во целост:
„На Министерството за одбрана му е испорачан првиот контингент нови пушкомитралези РПК-16 со калибар 5,45х39мм, кои ќе се најдат во опитна експлоатација во состав на воените единици“.
РПК-16 претставува радикална модернизација на рускиот пушкомитралез РПК-74. Она што е особено интересно кај овој пушкомитралез е можноста за едноставна замена на цевката практично во текот на борбата. Исто така, со цел зголемување н неговата огнена моќ, за него е направен и посебен барабан со капацитет од 95 куршуми. Овој барабан можат да го користат и автоматските пушки врз база на системот „Калашников“:
Обликот и надворешниот изглед на пушкомитралезот РПК-16 дозволуваат додавање на цел спектар додатоци („Пикатини“ шина) како што се, на пример, различни модели на оптички нишани што го прави практично снајперско оружје, холографски нишани, ласерски обележувачи на целта, потоа инсталирање на преден ракофат заради полесна манипулација со оружјето, тактички батерии, придушувачи на истрелот итн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче