Американскиот магазин „Национален Интерес“ наведува дека бродовите од класата на носачи на авиони во овој конкретен случај имаат многу ограничени можности, затоа што за нив посебна опасност претставуваат руските суперсонични противбродски ракети. Авторот на материјалот потсетува дека Русите располагаа со многу опасните противбродски ракетни системи „Бастион“, кои се вооружени со ракети П-800 „Оникс“, а кои имаат такви тактичко-технички карактеристики што можат да го покријат Балтичкото море практично по целата негова ширина („Оникс“ може да погоди апсолутно сѐ што се наоѓа на вода од калининградскиот до шведскиот брег).
Според изворите на журналот, максималниот дострел на извозната верзија на ракетата П-800 „Оникс“ која се лансира од ракетниот систем „брег-море“ „Бастион“ изнесува до 300 км. Меѓутоа, верзијата на овој систем што ја користат единиците на руската армија има двојно поголем дострел кој достигнува 600 км, што значи дека голема површина на Балтичкото море ќе биде покриена од копното, т.е. од руските калининградски брегови.
Покрај „убиецот на бродови“, во Калининградската област се концентрирани и други многу ефикасни борбени средства кои исто така претставуваат голема опасност по американските единици доколку дојде до конфликт, се вели во текстот.
Руските експерти го коментираа овој текст кој се појави на сајтот на „Национален Интерес“ и дадоа своја процена на воениот конфликт кој евентуално би се случил на овој простор меѓу војските на САД и Русија.
Така Владимир Батјук, раководител на Центарот за воено-политички студии на Институтот за САД и Канада, кој се наоѓа во состав на Руската академија на науки, истакна дек анализата која се појави на сајтот на „Национален Интерес“ е апсолутно реалистична и дека ракетниот систем „Бастион“ не е само проектиран за уништување на бродови со голем депласман (носачи на авиони) туку и за практично сите површински бродови, вклучувајќи ги и оние со минијатурни димензии.
„Дека е способен (се мисли на ракетниот систем „Бастион“) ефикасно да ѝ се спротивстави на флотата на САД и нивните сојузници кои би се наоѓале во басенот на Балтичкото море, тоа е неспорен факт „кој не се доведува во прашање“, истакнува Батјук.
За овој текст свое мислење даде и еден од водечките руски воени експерти Виктор Мураховски, кој истакнува дека би било потполн лудо Американците во евентуална агресија врз Калининградската област да употребат бродови од класа на носачи на авиони. Доколку ударна група со носач на авиони би се појавила на тоа подрачје, таа гарантирано би била потопена, нагласува рускиот воен експерт. Мураховски напоменува дека на подрачјето на Калининградската област покрај „Бастиони“ се наоѓаат и батерии со оперативно-тактичкиот комплекс „Искандер-М“, како и системи за противвоздушна одбрана С-400 и најновиот Бук-М3 „Викинг“.
Со ваквиот распоред на руските сили над Калининградската област е воспоставен многу ефикасен систем на ешалонска ПВО. Експертот потсетува дека поголема опасност за евентуална агресија врз Калининград се заканува од копнените правци (балтичките држави и Полска) каде САД групираат офанзивни капацитети составени од основни борбени тенкови и ловечко-бомбардерска авијација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче