Новите руски повеќецевни ракетни фрлачи ќе бидат целосно роботизирани

РСЗО „Ураган“

РСЗО „Ураган“

Константин Чалабов/Sputnik

Концернот „Техмаш” ќе го заврши проектот на целосно роботизирани повеќецевни ракетни фрлачи во наредниве неколку години, изјави за „Интерфакс” директорот на концернот „Техмаш” Владимир Лепин.

Според него, концернот работи интензивно на овој проект.

Претходно главниот конструктор на Научно-производствената организација „Сплав” (дел од „Техмаш”) Борис Белобрагин соопшти дека претпријатието работи на нова генерација повеќецевни ракетни фрлачи.

„Нашето претпријатие ќе добие нове опрема. Многу операции ќе се изведуваат без учество на човекот. Тоа ќе ни овозможи производство на нова генерација повеќецевни ракетни фрлачи (РСЗО). Во тек се експериментално-конструкторските работи”, рече Белобрагин на церемонијата на воведувањето во експлоатација на новите производствени капацитети за производство на повеќецевните ракетни фрлачи „Торнадо-С”.

Во декември 2016 година Владимир Лепин, кој тогаш беше генерален директор на „Сплав”, изјави за „Интерфакс” дека во Русија, како и во друг земји, се работи на зголемување на дострелот на ракетното вооружување и на зголемување на неговата ефикасност.

„Главните тенденции во развојот на ракетното вооружувњае остануваат непроменети: подалеку, попрецизно, поефикасно. На тоа се работи и во странство и кај нас. Уште една тенденција актуелна во последно време е автоматизацијата и роботизацијата на функционирањето на борбените возила и возилата за транспорт и полнење на системите со ракети, намалување на нивната ранливост, заштита на екипажот и подобрување на условите за екипажот“, истакна Лепин.

Погледнете ја целата моќ на руските ракетни и артилериски единици во една видео-снимка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња