Airbus ja лиши Русија од авионот од ерата на Сталин.

Извор: AFP / East News

Извор: AFP / East News

Потполно изненадување стана информацијата дека лесниот регионален авион Ан-2, популарен во 60-70 години од минатиот век во СССР, прејде во авторско владение на европскиот авијациски гигант Airbus. Поточно на неговиот воен оддел - Airbus Military. Овој правен случај предизвикува потешкотии во сериското производство и модернизирањето на Ан-2 во Русија.

Во септември раководителот на секторот за авионска индустрија на Министерството за индустрија и трговија на Русија Андреј Багински соопшти дека министерството спровело истрага откако открило дека документацијата за Ан-2 се нашла кај Airbus Military. „Во советско време документацита за Ан-2 била продадена во Полска, а сега, колку и да е чудно, ѝ припаѓа на Airbus Military кое пак ја добило од Полска“, изјави господин Богатински. Во врска со ова министерството донесе одлука да преговара за враќањето на документацијата. Во ситуацијата се најдоа замешани земји кои не се пријателски настроени кон Русија - Украина и Полска. Во Украина се наоѓа конструкторското биро „Антонов“ каде и беше направен во 1947 година основниот авион за лесна авијација на СССР. А Полска во советскиот период доби лиценца за негово производство.

Надеж на лесната авијација

Русија планираше да развие врз база на Ан-2 нов регионален авион. По распадот на СССР на Русија не ѝ останаа лесни авиони. Денес е во тек ремоторизација на моторите на Ан-2 кои останале уште од советско време. Во 2014 година Русија ќе обнови околу 62 авиони од времето на Сталин.

Јак-130: летачки Ајфон
Во следниве две-три години Москва сака да му го претстави на светскиот пазар најновиот школски авион Јак-130.

Проектот за ремоторизација на Ан-2 во Русија го води Сибирскиот научно-истражувачки институт за авијација (СибНИА), опремувајќи ги овие авиони со нов мотор. Веќе се пуштени и тестирани неколку авиони, добиени се нарачки од купувачи, соопштија од министерството.

Според зборовите на официјални лица од Министерството за индустрија и трговија, сериската и сериозна модернизација на Ан-2 е осложнета со отсуството на работната конструкторска документација. Тие исто така изјавија дека правата за авионот му припаѓаа на конструкторот Антонов, а сега ги нема ниту една земја, вклучувајќи ги Украина и Полска. Овој правен случај предизвикува потешкотии во сериското производство и модернизацијата.  

Истовремено експертите изјавуваат дека западната авиокомпанија не можела да добие никакви права од Полска. „ Полското претпријатие PZL Mielec не може по законски пат да ги предаде некому правата за авионот Ан-2, зашто ги нема добиено правата како изведувач. Може да стане збор само за комплетот технолошка документација на серискиот производител, правните акти на Советот за заемна економска помош (СЕВ) и владата на СССР кои се однесуваат на  правилата и прописите на производството“, убеден е експертот  за авијациска индустрија, колумнистот на списанието „Арсенал“ Олег Жолтоножко.

Самиот концепт на „интелектуална сопственост“ во СССР во целост отсуствуваше, а економските прашања се регулираа од страна на соодветните органи на СЕВ. Во моментов СЕВ е расформирана, а на нејзините стандарди им истече важноста. Со ова се согласува независниот експерт за авијација Владимир Карнозов. „Во СССР правата за разработка ѝ припаѓаа на државата како на монополист кој ги финансира сите научно-истражувачки разработки. Најверојатно била продадена полската лиценца“, објаснува господин Карнозов.

Скапо и неефикасно

Олег Жолтоножко забележува дека приказната со губењето на правата за авионот од времето на Сталин нема перспектива. „Оценување на економската ефикасност за повторно пуштање во масовно производство на Ан-2, колку што е познато, не се спроведе, а во пост-советско време повеќето Ан-2 беа приземјени токму поради загубите во работата“, убеден е експертот.

Каква судбина го очекува „Руслан“?
Една од жртвите на прекинот на воено-техничката соработка помеѓу Русија и Украина може да биде и легендарниот Ан-124-100 „Руслан“, најголемиот транспортен авион на светот. „Руслан“ не се произведува веќе 10 години, но за сето ова време беше подгревана надежта за обновување на производството. Но, сега иднината на овој авион е непозната.

Покрај економските, главни проблеми на Ан-2 воопшто се застарената конструкција и клипниот мотор кој работи на бензин. Авионски бензин во Русија повеќе не се произведува, затоа моторите кои сѐ уште се употребуваат користат автомобилски бензин, што не е безопасно.

Според оценките на Владимир Карнозов, официјалните лица на Русија треба да обратат внимание на научните разработки кои ги има во Русија, заедно со западните партнери. Денеска има проекти кои можат да се доведат до фаза на тестирање и производство. Тоа ќе биде посоодветно за развојот на лесната авијација отколку модернизацијата на авиони од времето на Сталин.  

„Постои алтернативен проект за модернизација на Ан-2, познат како Ан-2-100 со МС-14 мотор со турбопропелери, дизајниран во Запорожје (Украина) во АО „Мотор-Сич“, вели  Олег Жолтоножко. Како што тврди дизајнерот, моторот е подготвен за сериско производство. Единствената испробана машина на кој тој реално е монтиран сега му е предадена на „Антонов“ за да се продолжи со тест-летовите и да се донесе одлука. Сепак во светлината на тензиите на меѓудржавно ниво, овој проект нема перспектива, затоа што единствениот платежноспособен нарачател може да го има само во Русија. 

Исто така експертот истакнува дека проблемот со правата и документацијата за Ан-2 лесно може да биде решена со помош на Кина. Во Кина од 1957 година се произведува по лиценца на СССР копија на Ан-2 под ознаката Y-5. Според меѓудржавниот договор може да се организира производство на „оваа“ машина и во Русија, во која било потребна модернизирана конфигурација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња