Завршено тестирањето на новиот падобрански систем „Бахча-У-ПДС“ за Воздушно-десантните сили

RostecRussia/Facebook

Државните тестирања на падобранскиот систем „Бахча-У-ПДС“, наменет за десант на борбените возила за десант БМД-4М и оклопните транспортери БТР-МДМ „Ракушка“, успешно е завршено во единиците на Воздушно-десантните сили на Русија, соопшти одделението за информирање и медиуми на Министерството за одбрана на РФ.

„Во единиците на Воздушно-десантните сили се завршени државните тестирања на системот за десант БМД-4М и БТР-МДМ „Ракушка“. Во текот на испитувањата техничките карактеристики се високо оценети, а системот ги исполни очекувањата на Министерството за одбрана и командата на Воздушно-десантните сили. До крајот на оваа година е предвидено со претставниците на одбранбената индустрија да се склучат договори за сериско производство на новите средства за десант „Бахча-У-ПДС“, се наведува во соопштението.

Како што кажаа од Министерството за одбрана на РФ, во текот на државните тестирања оклопната техника со помош на падобранскиот систем „Бахча“ била седумдесет пати исфрлувана од воено-транспортни авиони Ил-76МД.

Системот„ Бахча-У-ПДС“, развиен од МКПК „Универсал“ (дел од холдингот „Технодинамика“) е наменет за достава на копно на борбени возила со екипаж, кои се исфрлаат од авион од типот Ил-76 и нивните модификации. Со негова помош техниката се доставува на одреденото место со целосно зачувување на борбеното десантно возило и неговите способности да дејствува веднаш по приземјувањето. Според своите карактеристики системот нема адекватна конкуренција во странство.

БМД-4М е опремен со автоматски систем за управување со огнот и нов навигациски систем. Најновата електронска опрема му го олеснува на екипажот нишанењето кога возилото се движи со голема брзина по нерамен терен.

БТР-МД „Ракушка“ је руски десантен оклопен транспортер произведен во Волгоградскот тракторски завод. Возилото е тешко 13,2 тони и вооружено со два митралеза. Екипажот го сочинуваат два члена, а десантната група до тринаесет војници.

Прочитајте повеќе: „Техмаш“ ја тестираше најновата ракета „Бронебојшчик“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња