Во Јемен се појави необичен уред за лансирање на противвоздушни ракети со топлотна глава за самонаведување Р-60 поставен на пикап „Тојота“.
Оваа ракета „воздух-воздух“ можеа да ја користат јеменските авиони Миг-21, Миг-29 и Су-22. По практичното уништување на воздухопловната флота на таа земја од страна на силите на коалицијата на чие чело е Саудиска Арабија, заостанатото оружје почнаа да го користат за противвоздушна одбрана Хутите.
На југот на Арапскиот полуостров во повеќе наврати се употребувани, и тоа успешно, импровизирани противвоздушни системи, но со поголеми ракети Р-27Т. За нивно наведување се користени станици со термовизиски канали – опрема демонтирана од американските хеликоптери UH-1H кои беа купувани пред почетокот на војната.
some of the more interesting weapons captured in Yemen in the past day or so. Truck mounted soviet R-60 air to air missiles and what looks like some anti ship missiles? Not really sure pic.twitter.com/96mFJ8PyK7
— Lost Weapons (@LostWeapons) 30 May 2018
На импровизираниот систем со ракети Р-60 е користен поедноставен нишански уред, па поради тоа неговата борбена примена беше можна само дење.
Ракетата со инфрацрвена боева глава за самонаведување „Комар“ (Комарец) од тој тип е тешка околу 43,5 килограми. Тежината на боевата глава достигнува три килограми. Должината ѝ е преку два метри. Дострелот на мали висини ѝ е до 1,5 километри. Брзината на ракетата 2,5-3 М.
Претходно веќе имаше обиди за лансирање на ракета Р-60 од земја. Така во поранешна Југославија беше создаден влечниот ПВО систем „Чатал“. Подоцна во Србија се појави самоодна варијанта со доработени ракети. Како база е користен чешкиот зенитен самооден систем калибар 30 мм од типот „Прага“ M53/59 Jesterka, а системот, всушност, не влезе во вооружувањето, пишува „Росијскаја газета“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче