„Јандекс“ го лансира првиот руски смарт звучник Yandex Station

Яндекс

„Јандекс“ (Яндекс), најголемата руска технолошка компанија која порано претежно се занимаваше со софтвер инженеринг, сега излезе на пазарот со својот прв гаџет. Се работи за првиот руски звучник кој според функцијата може да се споредити со уредите Google Home, Amazon Echo или Apple HomePod.  

„Yandex Station ви помага во вашите секојдневни активности, ви пушта музика во систем на висок квалитет, пронаоѓа и ви прикажува филмови“, се наведува на официјалниот веб-сајт на кој во претпродажба може да се набави уредот. Со коцкеста форма, Yandex Station има сила од 50 вати и асистент Алиса кој реагира на глас.

Како што на конференцијата за печатот истакна Константин Круглов, шеф на одделението за развој на компанијата, Yandex Station е единствениот куќен звучник со HDMI влез, кој така може да се поврзе со телевизор и да пушта филмови или емисии, а со него се управува со помош на глас. Една „Станица” ќе чини околу 10000 рубли (160 долари) на сервисите Ivi.ru, Amediateka, Kinopoisk.ru (руски сервиси за легално гледање филмови и серии) и пристига со вградена програма Yandex Music.

Прочитајте повеќе: Путин го запознаа со „Терминаторот Руслан”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња