Уште колку живот ви останува: Руска апликација од која ќе ве полазат морници

Новите алгоритми можат да ги издвојат оние лица кои имаат пократок очекуван животен век во споредба со просекот.

Новите алгоритми можат да ги издвојат оние лица кои имаат пократок очекуван животен век во споредба со просекот.

Getty Images
Невронските мрежи можат да ја предвидат должината на животот на личноста, па дури и веројатноста на нејзината смрт во определено време, велат руските научници. Нивните откритија овозможуваат дизајнирање на нова мобилна апликација за утврдување на очекуваниот животен век.

Верувале или не, стари сте онолку колку што се чувствувате старо: нивото на вашата физичка активност повеќе зборува за можноста за должината на вашиот живот, одошто вашите години. Основачите на руската стартап-компанија за биотехнологија „Геро“ веруваат дека некои показатели како што е крвниот притисок, многу зборуваат за здравјето на личноста, па дури и за ризикот на нејзината смрт.

Заедно со научниците од Московскиот физичко-технички институт (МФТИ) компанијата „Геро“ ги анализираше клиничките податоци од 10.000 лица од американскиот Извештај за национално здравје и исхрана (NHANES) за периодот од 2003 до 2006 година.

Извештајот објавен врз основа на истражувањата на NHANES содржи и податоци за движењето на луѓето со различни здравствени проблеми додека носеле мерач за физичка активност.

„Здравите и млади луѓе лесно минуваат од мирување во брзо движење, додека болните или постарите луѓе и од стол стануваат полека и постепено“, вели доктор Пјотр Федичев, научен директот во компанијата „Геро“ и шеф на лабораторијата на МФТИ за Russia Beyond-Македонија. „Нашите алгоритами можат да ги издвојат оние луѓе кои имаат покус очекуван животен век во споредба со просечната популација“.

Невронските мрежи веќе можат да детектираат аритмија на ЕКГ, изведувајќи биомаркери на годините на живот од клиничката биохемиска слика на крвта и предвидувајќи смрт врз основа на електронските медицински податоци“, вели Федичев. „Инспирирани од овие примери ги истраживме можностите на вештачката интелигенција за процена на здравствениот ризик врз основа на физичката активност а луѓето“, објаснува Федичев.

Една недела мерење на физичката активност е доволно за невронските мрежи да ја предвидат биолошката старост и ризикот од смртта. Федичев тврди дека алгоритамот заснован на вештачката интелигенција која е создадена од компанијата „Геро“ ги има надминато постојните модели на процена на биолошката старост и ризикот од смрт врз основа на истите податоци.

Технологијата на компанијата „Геро“ најмногу ќе им користи на компаниите за осигурување на живот и здравје. „Вештачката интелигенција може да се користи за понатамошно усовршување на моделот за процена на ризикот“, вели Федичев, додавајќи дека комбинацијата на теоријата на стареењето со најмоќните модерни уреди ќе придонесат да се избегнат ризиците при осигурувањето, планирањето пензија и да се воведат можни терапии против стареење.

Компанијата „Геро“ веќе има развиено бесплатна бета-верзија на апликацијата Gero Lifespan која може да го процени очекуваниот животен век на корисниците со помош на акцелерометар вграден во смартфон. Но, стартап-компанијата сака пред сè да развие терапевтски пристап кон стареењето.

„Бараме начин да ги забавиме промените во телото поврзани со стареењето и да ги одложиме болестите што доаѓаат со староста, како што се кардиоваскуларните болести, мозочните пречки и ракот“, вели Федичев. „Имаме намера да ја искористиме вештачката интелигенција не само за процена на ризикот во врска со процесот на стареење, ами и да најдеме начин за нивно намалување“.

Прочитајте повеќе: Останете во блажена состојба со помош на новата руска апликација!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња